Македонско радио - Радио 2 или само Радио 2 (од 1992 до 2002 познато под името Радио херц и Канал 2000) — втората програма на Македонското радио кое е во склоп на Македонската радио-телевизија. Со новата програмска шема, радиото се преобрази и емитува претежно рекреативно-забавна програма, со повеќе музички емисии и музика. Втората програма на Македонското радио се слуша во цела Македонија.