Канал 8

Од Википедија — слободната енциклопедија
Канал 8
Отпочната2009
СопственикТони Ајтовски
ДржаваКочани, Македонија Македонија
Област на емитувањеКочани, Виница, Чешиново-Облешево, Зрновци
Седиштеул. “Гоце Делчев“, бр. 10a
Веб-странаКанал 8

Канал 8 e регионален телевизиски канал од Кочани, Македонија. Ги покрива териториите на општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново - Облешево.

Дозволата за вршење на радиодифузната дејност ја добила од Советот за Радиодифузија на Македонија на 26 ноември 2008 година, додека официјално со работа започнала на 18 февруари 2009 година, на подрачјето на Кочанскиот регион.

Програмата се емитуваше на 46 канал во UHF опсег, 24 часа дневно. Со воведувањето на дигитализацијата на телевизииите од 1 јуни 2013 година, аналогниот сигнал беше исклучен, а програмата продолжи да се емитува преку кабелските оператори во четирите општини во регионот.[1] Телевизискиот програмски сервис е на македонски јазик, со претежно забавен општ формат[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Кочани: Нов локален канал“. Текелабел. Архивирано од изворникот на 2012-09-17. Посетено на 2012-11-01.
  2. „Програмски концепт за телевизискиот програмски сервис ТВ Канал 8“ (PDF). Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]