18 февруари
Изглед
Предлошка:Февруари 2026 18 февруари — 49-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 316 денови до крајот на годината (317 во престапна).
Настани:
| 1861 | Првиот парламент на Италија го прогласи за крал Виктор Емануел II. |
| 1915 | Прва светска војна: Германија со помош на подморници ја започна поморската блокада на Велика Британија. |
| 1945 | Во Скопје е отворен Работничкиот дом, прв во Народна Република Македонија. |
| 1952 | Грција стана членкa на НАТО. |
| 1952 | Турција стана членкa на НАТО. |
| 1960 | Аргентина, Бразил, Мексико, Парагвај, Перу, Уругвај и Чиле се договорија да формираат Латиноамериканско здружение за слободна трговија. |
| 1965 | Прогласена е независност на африканската држава Гамбија во рамките на Британскиот комонвелт. |
| 1992 | Собранието на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонска информативна агенција (МИА) како јавен информативен сервис. Првата вест МИА ја емитуваше на 30 септември 1998 година. |
| 1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и САД на ниво на амбасади. |
Родени:
| 1404 | Леон Батиста Алберти — италијански ренесансен архитект. |
| 1516 | Марија I — кралица на Англија. |
| 1745 | Алесандро Волта — италијански и физичар. |
| 1860 | Андерс Цорн — шведски сликар и бакрорезец. |
| 1898 | Енцо Ферари — италијански автомобилист и конструктор. |
| 1921 | Бранко Бауер — хрватски режисер. |
| 1930 | Драган Бојаџиев — македонски музички публицист. |
| 1933 | Боби Робсон — англиски фудбалер и тренер. |
| 1935 | Бошко Петровиќ — хрватски џез-музичар. |
| 1938 | Иштван Сабо — унгарски режисер. |
| 1931 | Тони Морисон — американска писателка, добитничка на Нобеловата награда во 1993 година. |
| 1942 | Ѓорѓија Најдоски — македонски поет. |
| 1950 | Сибил Шепард — американска глумица. |
| 1954 | Џон Траволта — американски глумец. |
| 1957 | Марита Кох — германска атлетичарка. |
| 1960 | Грета Скаки — италијанско-австралиска глумица. |
| 1964 | Мет Дилон — американски глумец. |
| 1965 | Д-р Дре — американски рапер и музички продуцент. |
| 1967 | Роберто Баџо — италијански фудбалер. |
| 1973 | Клод Макелеле — франуцуски фудбалер и тренер. |
| 1974 | Евгениј Кафелников — руски тенисер. |
| 1975 | Гери Невил — англиски фудбалер и тренер. |
| 1981 | Андреј Кириленко — руски кошаркар. |
| 1985 | Фабио Сабатини — италијански велосипедист. |
| 1985 | Кристијано Салерно — италијански велосипедист. |
| 1995 | Натан Аке — холандски фудбалер. |
| 2000 | Џакомо Распадори — италијански фудбалер. |
Починале:
| 999 | Григориј V — римски папа. |
| 1405 | Тимур — монголски кан. |
| 1546 | Мартин Лутер — германски духовник, водач на протестантската реформација. |
| 1564 | Микеланџело — италијански вајар, сликар, градител и поет. |
| 1682 | Балдасаре Лонгена — венецијански архитект. |
| 1873 | Васил Левски — бугарски национален деец. |
| 1915 | Стојан Новаковиќ — српски научник. |
| 1950 | Прежихов Воранц — словенечки писател. |
| 1967 | Роберт Опенхајмер — северноамерикански физичар. |
| 1969 | Драгиша Цветковиќ — југословенски политичар. |
| 1986 | Пол Стјуарт — американски глумец и режисер. |
| 2001 | Крум Монев — македонски борец. |