Телевизија во Македонија
Телевизијата во Македонија за првпат е претставена во 1950-тите години.
DVB-T дигитален сигнал[уреди | уреди извор]
Дигиталната телевизија во Македонија беше започната во ноември 2009. Платформата е лансирана од страна на операторот ONE под името "BoomTV", која потоа беше преземена од Vip при спојувањето на двата мобилни оператори и истата се нудеше под името Vip TV Lite, а потоа се преименува во A1 TV Lite, од кога A1 ја купи Vip. Каналите во стандардна дефиниција се емитуваат преку MPEG-2 методот за компресија, а каналите во висока дефиниција се емитуваат преку MPEG-4 методот за компресија. Околу шеесет канали се достапни за гледање, меѓу кои спаѓаат и сите национални телевизиски мрежи, вклучувајќи ја Македонската Телевизија. Дигиталната телевизија во Македонија моментално е достапна за 95% од населението во Македонија.
Интернет телевизија (IPTV)[уреди | уреди извор]
На 17 ноември 2008 во Македонија, започнато е емитувањето на телевизија преку Интернет протокол, уште попознато како IPTV или Интернет телевизија. Платформата е лансирана од страна на операторот Македонски Телеком под името „MaxTV“.
На 17 февруари 2016 година со работа започна и IPTV на Неотел, под брендот NeoTV.
Кабелска телевизија[уреди | уреди извор]
Кабелската телевизија е високо развиена во Македонија, со пенетрација до 67% во македонските домаќинства. Вкупно има 49 услужници на кабелска телевизија во Македонија, од кои најистакнати се кабелските оператори A1 (поранешен Vip) и Телекабел, кои држат окопу 80% од пазарот. Истите овие два кабелски оператора нудеа телевизиски пакети преку аналоген сигнал сè додека пред почетокот на 2021 година операторот А1 го изгаси аналогниот сигнал, сега само Телекабел нуди аналоген сигнал. Дигитален сигнал нудат и двата оператори, а од почетокот на 2007 година нудат и Трипл плеј (TriplePlay) пакети.
Број на телевизиски претплатници по години[уреди | уреди извор]
Година | Вкупен број на ТВ претпл. |
Густина на ТВ претпл. |
Број на претпл. на кабелска ТВ |
Процентуално учество во вкупниот број |
Број на претпл. на ИПТВ |
Процентуално учество во вкупниот број |
Број на претпл. на DVB-T |
Процентуално учество во вкупниот број |
Број на претпл. на сателитска ТВ |
Процентуално учество во вкупниот број |
2010[1] | 238.695 | 11,63% | 165.028 | 69,14% | 30.123 | 12,62% | 42.890 | 17,97% | 654 | 0,27% |
2011[1] | 251.584 | 12,26% | 159.539 | 63,41% | 40.129 | 15,95% | 50.435 | 20,05% | 1.481 | 0,59% |
2012[2] | 278.140 | 13,50% | 172.835 | 62,14% | 66.541 | 23,92% | 37.452 | 13,47% | 1.312 | 0,47% |
2013[3] | 339.923 | 16,48% | 178.955 | 52,65% | 88.125 | 25,92% | 58.277 | 17,14% | 14.566 | 4,29% |
2014[4] | 358.833 | 17,39% | 185.608 | 51,73% | 98.798 | 27,53% | 58.506 | 16,30% | 15.921 | 4,44% |
2015[5] | 381.110 | 18,42% | 209.600 | 55,00% | 103.028 | 27,03% | 50.929 | 13,36% | 17.553 | 4,61% |
2016[6] | 392.747 | 18,96% | 219.075 | 55,78% | 108.820 | 27,71% | 45.380 | 11,55% | 19.472 | 4,96% |
2017[7] | 394.376 | 19,01% | 214.086 | 54,28% | 118.432 | 30,03% | 41.506 | 10,52% | 20.352 | 5,16% |
2018[8] | 405.167 | 19,52% | 210.191 | 51,88% | 128.855 | 31,80% | 44.347 | 10,95% | 21.774 | 5,37% |
2019[9] | 418.323 | 20,13% | 212.754 | 50,86% | 137.745 | 32,93% | 45.330 | 10,84% | 22.494 | 5,38% |
Јавни телевизиски станици со национални фреквенции[уреди | уреди извор]
Приватни телевизиски станици со национални фреквенции[уреди | уреди извор]
- Сител
- Сител HD
- Сител 3 (каналот престана со работа на 20.02.2018)
- Канал 5
- Канал 5+
- Наша ТВ
- Телма
- Телма HD
- Алфа ТВ
- Алфа HD
- Alsat M
- ТВ Сонце
- ТВ Арт
- RTV 21 M
- TV Shenja
- ТВ Нова
- 1ТВ
Македонски телевизиски станици со сателитски сигнал[уреди | уреди извор]
- МРТ 1
- МРТ Сат
- МРТ 2 Sat
- Сител
- Сител 3 (каналот престана со работа на 20.02.2018)
- Канал 5
- Канал 5 плус
- Наша ТВ
- Алфа
- ТВ Сонце
- ЕРА (Era Sat)
- RTV 21 M
- 1ТВ
Локализирани верзии на транснационални телевизиски станици[уреди | уреди извор]
Документарни канали со превод на македонски јазик:
- National Geographic Channel, со македонски DVB превод
- Discovery Channel, со македонски DVB превод
- Discovery HD Showcase, со македонски DVB превод
- Animal Planet, со македонски DVB превод
- Animal Planet HD, со македонски DVB превод
- TLC Balkans, со македонски DVB превод
- History channel, со македонски DVB превод
- Da Vinci Learning, со македонски DVB превод
- Viasat Explore, со македонски DVB превод
- Viasat History, со македонски DVB превод
- Viasat Nature, со македонски DVB превод
- Viasat Epic Drama, со македонски DVB превод
- DocuBox HD, со македонски DVB превод
- Travel channel, со македонски DVB превод
- BBC Earth, со македонски DVB превод
- BBC Earth HD, со македонски DVB превод
- Travel XP, со македонски DVB превод
- Travel XP HD, со македонски DVB превод
Детски канали со превод на македонски јазик:
- OK Orlando Kids, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик (каналот е повлечен од македонскиот пазар во текот на месец Март 2018)
- Pikaboo, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик и македонски DVB превод
- KidsCo, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик (каналот престана со работење на 01.01.2014)
Тинејџерски и семејни канали со превод на македонски јазик:
- Vavoom, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик ( casmedia.rs )
Филмски канали со превод на македонски јазик:
- FOX, со македонски DVB превод
- FOX HD, со македонски DVB превод
- Fox Life, со македонски DVB превод
- Fox Life HD, со македонски DVB превод
- Fox Crime, со македонски DVB превод
- Fox Crime HD, со македонски DVB превод
- Fox Movies, со македонски DVB превод
- Fox Movies HD, со македонски DVB превод
- AXN Adria, со македонски DVB превод
- AXN SPiN, со македонски DVB превод
- HBO Adria, со македонски DVB превод
- HBO HD Adria, со македонски DVB превод
- HBO 2, со македонски DVB превод (каналот HBO Comedy е ребрендиран во HBO 2)
- HBO 2 HD, со македонски DVB превод (каналот HBO Comedy HD е ребрендиран во HBO 2 HD)
- HBO 3, со македонски DVB превод
- HBO 3 HD, со македонски DVB превод
- Cinemax, со македонски DVB превод
- Cinemax HD, со македонски DVB превод
- Cinemax 2, со македонски DVB превод
- Cinemax 2 HD, со македонски DVB превод
- Cinestar TV, со македонски DVB превод
- Cinestar Action, со македонски DVB превод
- Cinestar Premiere 1, со македонски DVB превод
- Cinestar Premiere 1 HD, со македонски DVB превод
- Cinestar Premiere 2, со македонски DVB превод
- Cinestar Premiere 2 HD, со македонски DVB превод
- TV 1000, со македонски DVB превод
- FilmBox Extra HD, со македонски DVB превод (каналот FilmBox HD е ребрендиран во FilmBox Extra HD)
- FilmBox Plus, со македонски DVB превод
- Tring Action, со македонски DVB превод (поранешен Tring Max)
- Tring Fantasy, со македонски DVB превод
- M1 Film, со македонски DVB превод
- M1 Gold, со македонски DVB превод
- BBC First, со македонски DVB превод
Забавни канали со превод на македонски јазик:
- MTV Adria, со македонски DVB превод (каналот опцијата за превод на македонски јазик ја има отстрането во текот на месец Март 2015 година, а на пазарот на поранешна Југославија престанува да работи на 31.12.2017)
- E! Entertainment, со македонски DVB превод
- 24 Kitchen, со македонски DVB превод
- Fine Living (FLN), со македонски DVB превод
- Zdrava TV, со македонски DVB превод
- Nova S, со македонски DVB превод (поранешен Top канал)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2011 година“. АЕК. 12 јуни 2012. Посетено на 1 март 2021.
- ↑ „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2012 година“. АЕК. 5 јуни 2013. Посетено на 1 март 2021.
- ↑ „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2013 година“. АЕК. 29 август 2014. Посетено на 1 март 2021.
- ↑ „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2014 г“. АЕК. 17 септември 2015. Посетено на 1 март 2021.
- ↑ „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2015 година“. АЕК. 15 септември 2016. Посетено на 1 март 2021.
- ↑ „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2016 година“. АЕК. 25 јули 2017. Посетено на 1 март 2021.
- ↑ „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2017 година“. АЕК. 31 јули 2018. Посетено на 1 март 2021.
- ↑ „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2018 година“ (PDF). АЕК. 2 октомври 2019. Посетено на 1 март 2021.
- ↑ „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2019 година“ (PDF). АЕК. октомври 2020. Посетено на 1 март 2021.