Општина Старо Нагоричане
| Општина Старо Нагоричане | |||
|---|---|---|---|
| Општина | |||
| |||
![]() | |||
| Држава | Македонија | ||
| Регион | Североисточен | ||
| Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996 | ||
| Седиште | Старо Нагоричане | ||
| Населени места | Список
| ||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Мирослав Славковски (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 433,41 км2 (167,34 ми2) | ||
| Население (2021)[1] | |||
| • Вкупно | 3.501 | ||
| • Густина | 8,1/км2 (21/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
| Повикувачки број | +031 | ||
| Регистарски таблички | KU | ||
| Мреж. место | staronagoricane.gov.mk | ||
Општина Старо Нагоричане — општина во северниот дел на Македонија. Седиште на општината е селото Старо Нагоричане. Општина Старо Нагоричане била возобновена во 1996 година, во неа припаѓаат 39 населени места. Градоначалник е Жаклина Јовановска. Претходно, територијата на денешната Општина Старо Нагоричане, била во рамките на Општина Куманово.
Географија
[уреди | уреди извор]
Општина Старо Нагоричане се наоѓа во североисточниот регион во Република Македонија. Во општина Старо Нагоричане се наоѓаат селата: Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Војник, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Дренок, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, М’гленце, Макреш, Малотино, Младо Нагоричане, Никуљане, Облавце, Орах, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Стрезовце, Стрновац, Цветишница, Цвиланце и Челопек.
Селото Младо Нагоричане според атарот кој го зафаќа е најголемо село во Македонија.
Планината Козјак (планина) е средновисока планина во североисточниот дел на Македонија, долж границата со Република Србија и опфаќа голем дел од територијата на Општината Старо Нагоричане. Највисок врв на планината е Перен со 1326 метри надморска висина. [2]
Најголема река која тече низ Општина Старо Нагоричане е Пчиња, а нејзина најголема притока е реката Петрошница.
Во атарот на село Орах, се наоѓа Мокро Езеро кое е природно езеро од вулканско-денудациско потекло, помеѓу народот познато и како Карпинско Езеро.
Историја
[уреди | уреди извор]1913-1915
[уреди | уреди извор]Општина Старо Нагоричане за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Старо Нагоричане, Стрновац и Челопек. Општината била дел од Жеглиговскиот Срез, Кумановски Округ.[3]
1915-1918
[уреди | уреди извор]Општина Старо Нагоричане продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Кумановската Околија, Кумановски Округ.[4]
Кралство СХС/Југославија
[уреди | уреди извор]За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Старо Нагоричане продолжила да постои во рамки на Жеглиговскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Старо Нагоричане, Стрновац и Челопек.[5][6]
1945-1965
[уреди | уреди извор]Месниот народен одбор Старо Нагоричане бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било селото Старо Нагоричане.[7] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Старо Нагоричане не претрпел територијално промени. Истовремено, МНО Старо Нагоричане припаднал под проширената Кумановска Околија.[8] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Старо Нагоричане останал територијално непроменет.[9] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Старо Нагоричане била проширена на сметка на соседниот и укинат МНО Челопек со селата Алгуња и Челопек, на сметка на укинатиот МНО Четирце со селото Никуљане, како и на сметка на укинатиот МНО Драгоманце со селото Стрновац.[10] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Старо Нагоричане била проширена на сметка на укинатата Општина Бајловце со нејзините села Аљинце, Бајловце, Брешко, Добрача, Жељувино и Цвиланце. Тогаш, Општина Старо Нагоричане била проширена и со територијата на укинатата Општина Арбанашко со нејзините населени места Арбанашко, Буковљане, Дејловце, Длабочица, Осиче, Рамно и Цветишница. Истовремено, Општина Старо Нагоричане била проширена на сметка на укинатата Општина Жегљане со нејзините села Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Жегљане, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце, Пузајка и Степанце, како и на сметка на укинатата Општина Облавце со селата Канарево и Макреш.[11] Според Законот за подрачјата на општините од 1965 година, Општина Старо Нагоричане била укината и нејзината територија била припоена кон Општина Куманово.[12]
1996-до денес
[уреди | уреди извор]Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Старo Нагоричане била обновена на сметка на намалената Општина Куманово. Нејзини населени места биле Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, Макреш, Малотино, М’гленце, Младо Нагоричане, Никуљане, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Старо Нагоричане, Степанце, Стрновац, Цветишница, Цвиланце и Челопек.[13] Самото седиште станала истата општинска зграда во којашто функционирала општината до 1965 година.[14] Според административната поделба од 2004 година, Општина Старо Нагоричане била проширена на сметка на соседната и укината Општина Клечевце со селата Војник, Дренок, Облавце, Орах, Руѓинце и Стрезовце.[15]
Археологија
[уреди | уреди извор]Во општината постојат 43 археолошки наоѓалишта, 14 некрополи, 6 архелошки објекти и 2 осамени наоди. Археолошките наоѓалишта потекнуваат од следните хронолошки периоди: неолит, бакарно време, брозено време, железно време, рана антика, римски период, доцна антика и среден век.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението во Општината Старо Нагоричане најчесто се занимава со земјоделие.
Фармерите кои егзистираат на ова територија најчесто имаат посеви со житни култури како што се пченица, јачмен, овес, пченка и рж.
Од сточарството најзастапено е одгледувањето на свињи, крави, овци и кози. Во минатото имало неколку живинарски фарми на кои се одгледувале кокошки и ноеви.
Застапено е и одгледување на винска лоза.
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 1913 година, Општина Старо Нагоричане имала 1,974 жители, односно вкупното население на Старо Нагоричане, Стрновац и Челопек.[3]
Според пописот од 1921 година, Општина Старо Нагоричане имала 1,921 жители. Според верската припадност, 1,878 биле православни, додека 43 биле муслимани. Според јазичната припадност, 1,878 биле Срби/Хрвати, 3 биле Албанци, 1 бил Турчин, додека 39 лица биле запишани во графата „останати и непознато“.[16][б 1]
Според пописот од 1931 година, Општина Старо Нагоричане имала 2,133 жители, од кои 1,060 биле мажи, а 1,073 биле жени. Општината се состоела од 345 куќи и 321 домаќинство.[17]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Старо Нагоричане имал 1,469 жители, односно вкупното население на Старо Нагоричане. Од таа бројка, 272 биле Македонци, 1,196 биле Срби, додека 1 бил Русин.[18]
Според пописот од 1953 година, Општина Старо Нагоричане имала 4,447 жители, односно вкупното население на Алгуња, Никуљане, Старо Нагоричане, Стрновац и Челопек.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[19][20]
| Народност | Вкупно |
| Македонци | 976 |
| Срби | 3,334 |
| Турци | 7 |
| Роми | 128 |
| Неопределени Југословени | 2 |
Според пописот од 1961 година, Општина Старо Нагоричане имала 12,011 жители, односно вкупното население на Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, Макреш, Малотино, М’гленце, Никуљане, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Старо Нагоричане, Степанце, Стрновац, Цвиланце, Цветишница и Челопек.
Следува табела според народностите во пописот од 1961 година:[21]
| Народност | Вкупно |
| Македонци | 8,772 |
| Срби | 3,221 |
| Албанци | 1 |
| Црногорци | 1 |
| Останати | 16 |

Според пописот од 2002 година, Општина Старо Нагоричане имала 4,258 жители, односно вкупното население на Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, Макреш, Малотино, М’гленце, Младо Нагоричане, Никуљане, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Старо Нагоричане, Степанце, Стрновац, Цвиланце, Цветишница и Челопек. Општината имала 1,728 мажи и 1,698 жени кои живееле во 1,462 домаќинства и 2,976 станови.
Следува табела според народностите во пописот од 2002 година:[22]
| Народност | Вкупно |
| Македонци | 3,331 |
| Срби | 920 |
| Албанци | 1 |
| Роми | 1 |
| Останати | 65 |
Според пописот од 2021 година, Општина Старо Нагоричане имала 3,501 жител, односно вкупното население на Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Војник, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Дренок, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, Макреш, Малотино, М’гленце, Младо Нагоричане, Никуљане, Облавце, Орах, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Стрезовце, Стрновац, Цвиланце, Цветишница и Челопек. Општината имала 1,902 мажи и 1,599 жени кои живееле во 1,346 домаќинства и 3,572 станови. Бројката на населението во Општина Старо Нагоричане била намалена за 27.6%, во однос на претходниот попис.
Следува табела според народностите во пописот од 2021 година:[23]
| Народност | Вкупно |
| Македонци | 2,513 |
| Срби | 585 |
| Албанци | 13 |
| Роми | 3 |
| Други неспомнати | 9 |
| Лица кои податоците се превземени од административни извори | 378 |
Општествени установи
[уреди | уреди извор]На територијата на Општината Старо Нагоричане функционираат 3 општински основни училишта и 1 градинка:
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Градоначалник на Oпштина Старо Нагоричане е Мирослав Славковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[25]
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 9 члена.[26]
Претходни градоначалници:
- Милован Трајковиќ (1996-2000)
- Власте Димковиќ (2000-2009)
- Миодраг Јовановиќ (2009-2013)
- Милован Стојковски (2013-2017)
- Жаклина Јовановска (2017-2025)
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Во рамките на општината се наоѓаат следниве знаменитости:
- Зебрњак
- Костоперска карпа
- Црква „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Младо Нагоричане
- Црква „Св. Петка“ - Младо Нагоричане
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Старо Нагоричане
- Испосница на Свети Прохор Пчински
- Геотермална бања Стрновац
- Манастирска Црква Света Богородица во Забел
- Меморијален Центар АСНОМ
- Светиот даб
- Кокино
- Карпино
- Сув орах
Личности
[уреди | уреди извор]- Карпош - водач на Карпошовото востание и легендарен македонски ајдутски војвода
- Станко Младеновски - македонски политичар
- Роса Пауновска - македонски изведувач на народни песни
- Тимотеј Дебарско-кичевски - митрополит на Дебарско-кичевската епархија
- Тоде Илиќ - градоначалник на Општина Куманово
- Марјан Димитријевски - македонски историчар
- Горазд Европски - архијереј на Македонска православна црква - Охридска архиепископија
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915)
- Список на општини во Вардарска Бановина по население (1931)
- Список на општини во Македонија по население (1948)
- Список на општини во Македонија по население (1953)
- Список на општини во Македонија по население (2002)
- Список на општини во Македонија по население (2021)
Забелешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Врв 4/12: Перен на Козјак (1326 мнв)“. Архивирано од изворникот Проверете ја вредноста
|url=(help) на 2020-06-25. Посетено на 2024-02-05. - 1 2 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 71. Посетено на 16 септември 2025.
- ↑ Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Софија: Министерство за внатрешни работи и народно здравје. 1917. стр. 32. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2025. Посетено на 14 октомври 2025.
- ↑ Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 432. Занемарен непознатиот параметар
|subscription=(help) - ↑ Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. VII, 665, 673, 745.
- ↑ „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 154. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 16 септември 2025. line feed character во
|title=во положба 76 (help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 28. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 16 септември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 202. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 16 септември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 100. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 16 септември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 235. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 16 септември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за подрачјата на општините во Социјалистичка Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Социјалистичка Република Македонија. 25 јануари 1965: 21-22. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 16 септември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 14 септември 1996. стр. 2763. Архивирано (PDF) од изворникот 3 ноември 2022. Посетено на 16 септември 2025.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-03-05. Посетено на 2015-05-24.
- ↑ „Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 16 август 2004. стр. 5. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 17 септември 2025.
- ↑ „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 100-101. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 16 септември 2025.
- ↑ „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 107. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 16 септември 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 16 септември 2025.
- ↑ „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 64. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 16 септември 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 16 септември 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1961“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 16 март 2016. Посетено на 16 септември 2025.
- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 година (Книга 10)“ (PDF). Државен завод за статистика. стр. 55, 178. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 март 2012. Посетено на 16 септември 2025.
- ↑ „Соопштение - Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 - прв сет на податоци“ (PDF). Државен завод за статистика. 30 март 2022. стр. 4, 20-21. Архивирано од изворникот (PDF) на 30 март 2022. Посетено на 16 септември 2025.
- ↑ „Отворена Првата Градинка Во Старо Нагоричане“. 2018-03-30.
- ↑ „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
- ↑ „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.
- ↑ „Милован Стојковски од ДПСМ кандидат за градоначалник на Старо Нагоричане“.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Портал на Општина Старо Нагоричане Архивирано на 13 март 2014 г.
- Општина Старо Нагоричане во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- [мртва врска]
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||


