Жељувино
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Жељувино — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Жељувино имало 58 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 252 | 264 | 234 | 252 | 257 | 206 | 130 | 71 | 64 | 58 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Жељувино е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
- Доселеници: Брндинци (2 к.), Ѓоринци (2 к.), Анџије (2 к.), Додевци (2 к.), Шумарци (2 к.), Вељинци (1 к.), Кљунчини (6 к.), Шуќуровци (6 к.), Чукинци (3 к.) и Бисерци (1 к.) сите потекнуваат од тројца браќа кои се доселиле од денес воглавно албанското село Матејче, во родот Шуќуровци се знае следното родословие: Томислав (жив на 35 г. во 1971 година) Трпко-Стојан-Арсо-Таско, се доселил неговиот татко; Грци (2 к.) доселени се однекаде, не знаат од каде родовското име; Думановци (5 к.) доселени се од селото Думановце, го знаат следното родословие: Пајсије (жив на 62 г. во 1971 година) Божин-Јован-Атанас-Неделко, кој се доселил; Баџинци (4 к.) доселени се однекаде.[5]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Поради слабите услови за живот многу од населението почнало да се иселува кон најблиските градови во Македонија, веројатно и во некои градови од бивша Југославија.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.