Коинце
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Коинце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Коинце имало 70 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | 200 | 269 | 287 | 266 | 230 | 160 | 105 | 86 | 70 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Коинце е македонско село.
Според истражувањата од 1970 година, родови во селото се:
- Доселеници: Стошинци (16 к.), Лингурци (4 к.), Дешини (2 к.), Ибишовци (4 к.), Карадаци (3 к.), Бошковци (2 к.) и Пржинци (4 к.) потекнуваат од ист предок, тројца браќа. И доселени се од некое место во моравска Србија. Во еден од родовите се знае следното родословие: Трајан (жив на 65 г. во 1970 година) Карафил-Стефан-Станко, за понатамошните предци не знаат како се викале.[5]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Постари иселеници од селото се. Миљинци иселени се во Пелинце. Долинци иселеници се во селото Облавце. После Втората светска војна иселување имало кон Куманово (преку 15 семејства), Скопје (преку 3 семејства) и во Глогоњ кај Панчево (околу 5 семејства).[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.