Облавце
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Облавце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Облавце имало 124 жители, од кои 123 Македонци и 1 Србин.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 250 | 360 | 383 | 426 | 454 | 407 | 296 | 203 | 180 | 124 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Облавце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Староседелци и доселеници со непознато потекло: Чолачанци (8 к.), Тутушанци (5 к.), Бароњци (4 к.), Бајагинци (4 к.), Стамболци (3 к.), Арсеновци (2 к.), Портарци (2 к.), Ралевци (2 к.), Печењаци (7 к.), Лукарци (4 к.) и Жерци (2 к.) некои од наведените родови се староседелски, а други се доселени со непознато потекло.
- Доселеници со познато потекло: Шопци (4 к.) доселени се од селото Герман кај Крива Паланка; Нагоричанци (1 к.) доселени се од Нагоричане; Долинци (2 к.) доселени се од селото Коинце, подалечно потекло од некаде од Србија; Антинци (5 к.) доселени се од селото Аљинце; Николајци (4 к.), Дудманчанци (2 к.) и Дренчанци (1 к.) доселени се од селото Дренак кај Крива Паланка; Карадачанци (1 к.) и Чифлиџанци (1 к.) доселени се од селото Страцин кај Кратово; Радибужчанци (1 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Мајорци (1 к.) доселени се од селото Арбанашко.[5]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Иселеништвото почнало со посилен интензитет веднаш по Втората светска војна. Воглавно во селото останувало постарото население со преку 50 години, додека помладите почнале да се иселуваат.
Постари иселеници има во Долно Коњаре (Боне), Миладиновци (Тодоровски).[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.