Бајловце
Бајловце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Бајловце имало 129 жители, од кои 126 Македонци, 2 Срби и 1 останат.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 910 | 880 | 792 | 776 | 707 | 536 | 328 | 182 | 153 | 129 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Бајловце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
- Доселени со познато потекло: Височани (19 к.), Тресоглавци (9 к.), Рудињци (8 к.) и Герасинци (6 к.) сите потекнуваат од ист предок, според преданието доселени се од околината на Крагуевац, Србија.
- Доселеници со непознато потекло: Павлевци (15 к.), Крстинци (6 к.), Долнобозовчани (13 к.), Горнобозовчани (8 к.), Таверци (8 к.), Грмаѓани (7 к.), Белчинци (4 к.), Грујинци/Грујовци (4 к.) и Ремењарци (4 к.).[5]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[6]
- Блатец — средновековна населба и некропола
- Високо — градиште од средниот век
- Далјан Бозовиќ — средновековна некропола
- Рамњанска Драка — средновековна населба
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Бајловце нема многу добри услови за живот, и затоа од него се иселувало населението. Машкото население најпрво одело на печалба во Скопје и Куманово, а потоа го повлекувало и семејството со себе. Па така од Бајловце има огромен број на иселено население во Скопје (200 семејства) и во Куманово (100 семејства).
Има и други постари иселеници во некои кумановски и скопски села. Орманци иселени се во селото Пелинце. Тодоровци иселени се во селото Карловце. Пирајци иселени се во селото Пузајка. Трајановци иселени се во селото Дељадровци.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 205. ISBN 9989649286.