Аљинце
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Аљинце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Аљинце имало 38 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 385 | 344 | 372 | 395 | 374 | 314 | 154 | 92 | 79 | 38 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Алинце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Староседелци: Староселци (12 к.) Потекнуваат од овчар кој преживеал по пустошењето на старото село. Џамбасци (9 к.) гранка се од претходниот род.
- Доселеници: Грујинци (10 к.), Градиштанци (6 к.), Трлци (6 к.) и Јабучанци (13 к.) доселени се, но не знаат од каде се. Во првиот род се знае следното родословие: Стојче (жив на 67 г. во 1971 година) Милан-Анѓел-Смилко.[5]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Џамбасци се иселени во Брешко. Костадинови, Мацанци, Доданци, Прчовчани, Јованови и Павлеви се иселени во пониското село Канарево. Алинчани се иселени во Макреш. Антинци се иселени во Облавце. Шопови се иселени во Вак'в. Иселеници од Алинце има и на следните места. Глогоњ кај Панчево, Куманово, Скопје, Бор и Белград.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 205. ISBN 9989649286.