Челопек (Кумановско)
Челопек | |
![]() Панорамски поглед на селото Челопек | |
Координати 42°13′37″N 21°49′35″E / 42.22694° СГШ; 21.82639° ИГДКоординати: 42°13′37″N 21°49′35″E / 42.22694° СГШ; 21.82639° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Козјачија |
Население | 283[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 1303 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17106 |
Надм. вис. | 398 м |
Слава | Духовден |
![]() |
Челопек — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во западниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане. Селото е ридско, на надморска височина од 450 метри.[3] Од градот Куманово селото е оддалечено 18 километри.[3]
Куќите на ова село се наоѓаат десно од долината на Пчиња. Околни села се: Старо Нагоричане, Алгуња и Никуљане.[4]
Атарот зафаќа површина од 15,6 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 754 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 620 хектари.[3]
Челопек е село од разбиен тип. Најголеми маала се Вишинско и Горно Маало. Во најголем дел, во маалата живеат роднински поврзани домаќинства.[4]
Историја[уреди | уреди извор]
Во селото постојат многу остатоци од минатото. Местото е населено уште од праисторијата, за што сведочи наоѓалиштето Кула (Челопечка Кула) над селото, каде се остатоци на тврдина со замок и некропола од доцната антика.[5] Во денешното маало Селиште се наоѓаат остатоци на средновековна црква во рушевини. Долга 14 метри, широка 8, со ѕидови дебели и до 60 сантиметри. Селаните веруваат дека црквата била наречена „Св. Ѓорѓи“.[4]
Денешното село Челопек е основано од две домаќинства пред околу 170 години. Од нив потекнуваат родовите Јелинци и Ѓоревци. Предците на останатите родови се доселувани после нив, главно од Младо Нагоричане.[4]
Во XIX век, Челопек било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
До 1912 година, селото било подложно на напади на Арбанаси.[4]
По завршувањето на Првата светска војна, во селото била изградена костурница за загинатите српски четници (околу 30 души) во периодот од 1909 до 1912 година. Костурницата е сместена во близина на срушената црква.[4]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[3]
Жителите на селото се занимаваат со сточарство и садење жито.[4]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Челопек имало 525 жители.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Челопек имало 600 жители.[7]
Челопек во 1961 година имало 768 жители, од кои 751 биле Македонци, а 17 жители Срби, додека во 1994 година бројот се намалил на 252 жители, од кои 226 биле Македонци и 25 жители Срби.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Челопек имало 283 жители, од кои 277 Македонци и 6 Срби.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 525 | 600 | 809 | 810 | 768 | 555 | 461 | 319 | 252 | 283 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови[уреди | уреди извор]
Најстари родови и основачи на селото се: Јелинци (27 к.) и Ѓорѓевци (10 к.), слават Митровден.[4]
Останати родови се: Вишинци (35 к.), слават Свети Никола, доселени од Младо Нагоричане; Албанци (4 к.) и Таратунци (2 к.), слават Свети Никола, гранка на Вишинци; Пашинци (12 к.), слават Свети Ѓорѓи; Дошљаци (14 к.), слават Свети Архангел, доселени од негде; Љатинци (5 к.), слават Митровден, доселени од негде; Балабанци (3 к.), слават Петковден, доселени од Нерав; Марцанци (3 к.), слават Свети Архангел; Рајинци (2 к.), слават Свети Никола.[4]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Челопек, во која влегувале селата Алгуња, Гулиновац и Челопек.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Старо Нагоричане, во која покрај селото Челопек се наоѓале и селата Алгуња, Никуљане, Старо Нагоричане и Челопек.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[3]
- Црква „Св. Троица“ — црква од XVI - XVII век, денес во урнатини; прогласена за културно наследство на Македонија[12]
- Археолошки наоѓалишта[5]
- Добросељане — населба од римско време
- Кула — праисториска населба; кастел со некропола од доцноантичко време
- Пузалка — некропола од римско време
- Св. Богородица — некропола од средниот век
Редовни настани[уреди | уреди извор]
- Духовден — главна селска слава
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Род Челопечани се иселил во кумановското село Стрновац.[4]
По војната, иселувањата главно биле кон градовите Куманово, Скопје, Ниш и Белград.[4]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 317. Посетено на 3 мај 2017.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 224. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Челопек (Кумановско) на Ризницата ?