Цвиланце
Цвиланце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Цвиланце имало 52 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300 | 176 | 162 | 186 | 181 | 158 | 131 | 82 | 60 | 52 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Родови[уреди | уреди извор]
Цвиланце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Доселеници: Бељавци (5 к.), Ѓорчиновци (4 к.), Вагинци (3 к.), Гузинци (3 к.), Ѓуринци (2 к.), Коларци (2 к.), Колебенци (2 к.), Казаци (1 к.), Марковци (1 к.) и Белевци (5 к.) сите овие родови се доселени, но не знаат од каде се доселиле.[7]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од Цвиланце иселувањето водело кон градовите Скопје и Куманово.
Чунгурци се иселиле во селото Војник.[7]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.