Малотино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Малотино
Викиекспедиција Козјачија 078.jpg

Панорамски поглед на раштрканото село Малотино

Малотино се наоѓа во Republic of Macedonia
Малотино
Местоположба на Малотино во Македонија
Координати 42°17′03″ СГШ 21°55′40″ ИГД / 
Регион Logo of Northeastern Region, Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Staro Nagoričane.svg Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 37[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1302
Повик. бр. 031
Надм. вис. 600-840 м
Слава Ѓурѓовден
Commons-logo.svg Малотино на Ризницата


Малотино — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во крајниот североисточен дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, чиј атар се допира со државната граница со Србија. Селото е раштркано и има планински карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 600 до 840 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 36 километри.[2]

Куќите на ова село се наоѓаат десно од Бистрица, притока на Пчиња. Селото е сместено на падините на планината Козјак. Околни села се: Рамно, Враготурце и Кокино.[3]

Атарот зафаќа површина од 10,4 км². На него преовладуваат пасиштата на површина од 528 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 260 хектари, а на шумите 192 хектари.[2]

Малотино е село од разбиен тип. Постојат осум маала во селото: Дералско (7 к.), Горно (5 к.), Лецинска (4 к.), Џикарска (3 к.), Додинско (3 к.), Долно (10 к.), Деда Анско (2 к.) и Циганско (1 к.). Во најголем дел, во маалата живеат роднински поврзани домаќинства.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Малотино се сретнуваат остатоци од различни епохи. Постојат гробишта, кои не биле на денешните жители. Овие гробови од страна на жителите се нарекувани „римски“.[3]

Народната традиција наведува дека на денешното село во турско време било „пустелија“. На целиот атар преовладувала дабова шума. Подоцна дошле денешните родови и почнале да ја сечат шумата, за да направат простор за нивните куќи, ниви и пасишта.[3]

Во текот на основањето, селото имало 6-7 куќи, крај коритото на Бистрица.[3]

Во XIX век, Малотино било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Малотино имало 440 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Малотино имало 544 жители.[5]

Малотино во 1961 година имало 317 жители, од кои 313 биле Македонци, тројца Срби и еден Албанец, а во 1994 година селото преминало во мала населба со 64 жители, од кои 58 биле Македонци и шест жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Малотино имало 37 жители, од кои 33 Македонци и 4 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 440 544 466 339 317 219 92 65 64 37
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Во Малотино живеат следниве родови: Деда Анци или Тренчинци (2 к.), едни од основачите на селото, дојдени од Бабуна, Велешко, живеат во посебно маало; Додинци (5 к.), едни од основачите на селото, живеат во посебно маало; Џикарци или Грци (3 к.), едни од основачите на селото, живеат во посебно маало; Лецини (4 к.), едни од основачите на селото, живеат во посебно маало; Беговци (4 к.), Петковски (4 к.) и Станојковски или Дураци (1 к.), сместени во маалото Дералци; Горномаалци (5 к.); Долномаалци (10 к.). Сите родови слават Свети Архангел, освен Додинци, кои слават Свети Никола, и родот Грци кои слават Свети Ѓорѓи.[3]

Православните Роми[9] или Ѓорѓовци имале 1 домаќинство, крај Бистрица од десната страна. Ромите се стари жители на селото,[3] но според последните државни пописи, во селото повеќе нема ниеден жител од ромска националност.[1]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Малотино, во која влегувале селата Малотино и М’гленце.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Малотино се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Карловце, Коинце, Кокино, М’гленце, Пелинце, Пузајка и Степанце.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Особено иселување на жителите од селото започнало по Втората светска војна во кумановските села, но и во градот Куманово.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 20 март 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 190. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 3 мај 2017 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. Во книгата на авторот се наречени „Цигани“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]