Орах
Орах Сув Орах | |
Mанастирската црква „Воведние на Пресв. Богородица“ (Карпински манастир) | |
Координати 42°10′15″N 21°57′10″E / 42.17083° СГШ; 21.95278° ИГДКоординати: 42°10′15″N 21°57′10″E / 42.17083° СГШ; 21.95278° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Козјачија |
Население | 120[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1314 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17072 |
Надм. вис. | 617 м |
![]() |
Орах (познат и како Сув Орах) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Се наоѓа на јужните падините на планината Козјак, во центарот на Средоречкиот регион.
Орах од градот Куманово оддалечен околу 20 км северо источно, поред селото проаѓа магистралниот пат Куманово - Ќустендил. Надморска висина на селото е од 550 до 617 метри, атарот на селото Орах е деломично рамничарски и брдски со ридови кој иммаат и до преко 900 метри (Овчаров гроб 940 метри, Непци 838, Велја страна 811).
Селото граничи со атарите на селата; Облавце, Бељаковце, Канарево, Аљинце, Цвиланце и Димонце.
Историја[уреди | уреди извор]
Првите пишани податоци за Орах се споменуваат во 1519 година за Турско време кога се село Орах спомнува како населба во состав на Нагоричка нахија со 39 домаќинства и то сите христијански, и ниедно муслиманско'.[2] Во наследниот пописот на домаќинства извршен во 1573 година, биле регистрирани 79 домаќинства (сите христијански и едно муслиманско).
На крајот од XIX век селото Орах се спомнува како христијанска населба во Кумановска каза од 760 жители[3]
Во време на Првата светска војна и бугарска окупација село Орах станало општина, со 615 жители.[4].
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Орах имало 113 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 760 | 736 | 696 | 826 | 935 | 707 | 455 | 197 | 182 | 113 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови[уреди | уреди извор]
Орах е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
Суљевци (35 к.), Каменитица (30 к.), Рашанци (10 к.), Суводолци (23 к.) и Долномалци (25 к.) сите родови во селото се староседелски. Само населението многу одамна, направиле промена на положбата на селото, во еден од родовите се знае следното родословие: Коле (жив на 65 г. во 1971 година) Денко-Стевко-Стојан-Јован, кој дошол во денешното село од старото.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Верски објекти[уреди | уреди извор]
Најзначајниот споменик во атарот на селото e Карпинскиот манастир со своја манастирска црква изградена во XVI-XVII век посветена на Воведението Богородичино.
Друг значаен споменик е селската црква „Св. Никола и Св. Ѓорѓи“ (вториот е заштитник на селото) од XV – XVII век.
Ликовна колонија Карпино[уреди | уреди извор]
Ликовната колонија Карпино се организира секоја година во месец август во манастир Карпино[9]. Првата колонија од овој вид била организирана во 2002 година, на 8 одржани колонии твореле уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска и Романија.
Уметкичките дела, слики и скулптури, се прикажуваат секоа година на соодветна изложба во кумановски Центар за Култура Трајко Прокопиев.
Археолошки наоѓалишта[уреди | уреди извор]
- Аниште — средновековна населба;
- Градиште — градиште од римското време;
- Грамади — населба од доцноантичкото време;
- Дрезга — населба од неолитското време;
- Рајници — населба од доцноантичкото време;
- Стубол — населба од раноантичкото и хеленистичкото време;
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Постари иселеници имало во Горна Пчиња (во Србија). Шурдинци се иселиле во селото Барбарце. А Суљинци и Орашинци се иселиле во селото Злодовце.
Други постари иселеници има во Руѓинце (Анѓеловци), Макреш (Карталци), Долно Коњаре (Илија и Мара). Јурумлери кај Скопје (Петковски).
Од крајот на Втората светска војна иселеништво имало во поблиските градови во Македонија, како и во Србија, воглавно во Белград.[8]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 март 2017.
- ↑ Sazdo Vasilkov Cesmadziski: Selo Orah - Suv Ora, стр. 24 (македонски)
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 216., пристапено 17. 09. 2010.
- ↑ Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 31
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
- ↑ [„Ликовна колонија „Карпино 2010" во село Орах, на Daily.MK, пристапено 17. 09. 2010. (македонски)“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-09-16. Ликовна колонија „Карпино 2010“ во село Орах, на Daily.MK, пристапено 17. 09. 2010. (македонски)]