Бељаковце
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Бељаковце или Бељаковци — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Бељаковце е населено уште од римско време, за што сведочат две наоѓалишта околу селото.[1]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во 2002 година во селото имало 64 жители.
Родови[уреди | уреди извор]
Бељаковце е македонско село
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
Ѓуревско Mаало
- Ѓуревци (11 к.), Портаровци (5 к.), Николчевци (3 к.), Илијевци (2 к.), Јаневци (1 к.), Рокинци (1 к.) и Миленковци. Ѓуревци се најстар род во селото. Николчевци се доселени од селото Мургаш. Рокинци се гранка од родот Вардарци. А другите не си го знаат потеклото.
Чивлак Mаало
- Кајсевци (10 к.), Дрдорковци (6 к.), Мусевци (6 к.), Ѓурковци (4 к.),Суќевци (4 к.), Барабунци (3 к.) и Ѓурчинци (3 к.) Дрдорковци се доселени од Кривопаланечко. Ѓурчинци и Суќевци потекнуваат од ист предок доселен од селото Коњух кај Кратово. Другите не си го знаат потеклото.
Mаало Качаровци
- Качаровци (8 к.) и Дурмишовци (2 к.) Качаровци се доселени однекаде. Додека Дурмишовци се гранка од родот Портаровци.
Mаало Вардарци
- Вардарци (7 к.) и Грблевци (4 к.) првиот род потекнува од предок доселен од некое село во Мариово. Го знаат следното родословие: Стевко (жив на 99 г. во 1972 година) Пешо-Стојан-Стеван, кој се доселил.
Mаало Шавтировци
- Шавтировци (6 к.) доселени се однекаде.
Mаало Големиновци
- Големиновци (7 к.) доселени се однекаде.
Mаало Неделинци
- Неделинци (10 к.) доселени се однекаде.
Mаало Средоречани
- Во ова маало живеат доселеници од селата Пезово и Руѓинце. Како и од селото Дренак кај Крива Паланка. Тоа се доселеници од после Втората светска војна. Севкупно имаат (10 к).[2]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Верски објекти
- Црква „Св. Никола“ од 1606 г.
- Бељаковски манастир („Св. Ѓорѓи“) од 1894 г.
- Археолошки наоѓалишта[1]
- Еленец — населба од римско време
- Мало Градиште — утврдена населба од римско време
- Мидел — црква со некропола од средниот век
- Св. Петка — сакрален објект од средниот век
Настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Портарци се иселиле во селото Зубовце. Јовановски се иселиле во селото Умин Дол. Постари иселеници од селото има и во кривопаланечкото село Добровница.
После Втората светска војна иселувањето продолжило кон градовите.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 205. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |