Лопате

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оваа статија се однесува на село во Република Македонија. За селото во Црна Гора, видете Лопате (Црна Гора).

Лопате
Лопате is located in Македонија
Лопате
Местоположба на Лопате во Македонија
Координати 42°8′54″N 21°39′51″E / 42.14833° СГШ; 21.66417° ИГД / 42.14833; 21.66417Координати: 42°8′54″N 21°39′51″E / 42.14833° СГШ; 21.66417° ИГД / 42.14833; 21.66417
Општина Општина Куманово
Население 2448 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 365 м


Лопате (албански: Llopati) е село во Општина Куманово, кое се наоѓа во близина на градот Куманово[1].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Лопате е сместено на територијата на Општина Куманово, во котлината Жеглигово. Селото се наоѓа на десниот брег на Липковска Река, недалеку од градот Куманово (на 4км оддалеченост од западна страна), и е веќе фактички дел од градот. Се работи за рамничарско село на надморска височина од 365 метри. Атарот на селото е 8,5 квадратни километри.

Во близина на селото поминува реката Слупчанка.

Историja[уреди | уреди извор]

Наодите во блиските археолошки локалитети, покажуваат дека околината на селото е населена уште од неолитот.

Во 19 век, Лопате било претежно муслиманско, т.е. албанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманската Империја.

Во основа, етничкиот конфликт во Република Македонија во 2001 година не го погодил особено Лопате, село со доминатно етничко албанско население. Сепак, спорадични пукотници и движења на ОНА имало, и во селото се осетиле помали последици. Веќе во втората половина на септември 2001, во координација со МЦМС, започнато е со поправка на 20те оштетени куќи во Лопате. [1] Во октомври 2001, во селото започнуваат со патроли етнички мешани полициски сили. Извесни тензии се осеќаат во зимата 2001, кога поради безбедносни причини, сите македонски ученици од Режановце кои дотогаш посетувале настава во основното училиште Маршал Тито во Лопате, се префрлиле во новоформираните паралелки во Режановце (инаку под надлежност на училиштето во Лопате). [2] На почетокот на декември 2001, православните жители на Лопате поднесуваат неуспешно барање во близина на селото да остане контролниот пункт на МВР. [3]

На почетокот на учебната 2006 - 2007, македонските ученици од селото Лопате и Режановце, повторно ја бојкотираат наставата, речиси цело полугодие. Непосреден повод за тоа е смената на името на основното училиште во Битолски конгрес (конгрес каде што се кодифицирала албанската азбука), но исто така и несоодветниот третман на подрачното училиште во Режановце при алокацијата на средствата. [4] [5][6]

Лопате е едно од селата покриено со акцијата на МВР, наречена Пепел, со која во октомври 2008 полицијата се обиде да му стави крај на шверцот на тутун во Кумановско. [7]

Економија и инфраструктура[уреди | уреди извор]

Во селото најзастапено е полјоделството. Обработливото земјиште доминира и зафаќа 728 хектари. Во близина на селото поминува фреквентна железничка пруга.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Лопате живееле 472 жители, од кои 400 Албанци и 72 Роми.[2]

Лопате е големо село, со пораст на населението. Во 1961 година бројот на жители изнесувал 1260 (578 Турци, 475 Македонци, 129 Албанци, 54 Срби и 20 неопределени). Во 1994 година бројот се зголемил на 2320 жители - 1763 Албанци, 473 Македонци, 74 Срби и 10 лица од други националности . Според пописот во 2002 година, бројот на жителите пораснал на 2448. Етничката структура е прикажана во табелата:

Националност Вкупно
Македонци 478
Албанци 1886
Срби 80
други 4

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 967
1953 262 242 467 49 72 5 1.067
1961 475 129 578 54 24 1.260
1971 433 901 157 6 86 19 1.602
1981 525 1.283 25 6 63 81 1.983
1994 473 1.763 74 10 2.320
2002 478 1.886 80 4 2.448

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

За време на избори се гласа во основното училиште.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 182 стр
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 217.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.