Косматац
Косматац | |
![]() Поглед на Косматац | |
Координати 42°4′17″N 21°52′36″E / 42.07139° СГШ; 21.87667° ИГДКоординати: 42°4′17″N 21°52′36″E / 42.07139° СГШ; 21.87667° ИГД | |
Општина | Куманово |
Население | 15 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 17051 |
![]() |
Косматац — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Косматац — село во општина Куманово. Селото се наоѓа на 18км југоисточно од градот Куманово. На патот што води за Свети Николе и областа Овче Поле.
Селото е прекрасно и убаво место за посетување и одмор.
Историја[уреди | уреди извор]
Косматац се смета во едно од помладите села во кумановско. Било основано од доселени Черкези во XIX век. Потоа во селото се населиле и Помаци од Бугарија.
Селото сè до 1912 година, имало исклучиво муслиманско население. Но со пропаста на Османлиското Царство, муслиманите се иселиле во Турција, а на нивно место дошло православно население од Кривопаланечко и Горна Пчиња.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Косматац живееле 250 жители, сите Македонци муслимани.[2]
Од Косматац се иселил голем број на населението, па затоа населбата според бројот на жителите се намалила и тоа од 342 жители во 1961 година, на 81 жител во 1994 година, македонско население.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 41 жител, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 13 Македонци и 2 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 250 | — | 452 | 541 | 542 | 460 | 241 | 104 | 81 | 41 | 15 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Косматац е македонско село.
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
- Доселеници: Отошнанци (15 к.) доселени се од селото Отошница кај Крива Паланка; Гулинчанци (13 к.) доселени се од селото Гулинци кај Крива Паланка; Милутинци (9 к.) доселени се од селото Милутинце кај Крива Паланка; Радибужданци (6 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Станчанци (4 к.) доселени се од селото Станча кај Крива Паланка; Крстовдолци (2 к.) доселени се од селото Крстов Дол кај Крива Паланка; Дренчанци (2 к.) доселени се од селото Дренак кај Крива Паланка; Ѓерманци (14 к.) доселени се од селото Герман во Горна Пчиња, Кривопаланечко; Огутчанци (5 к.) доселени се од селото Огут во Горна Пчиња, Кривопаланечко.[10]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Природни убавини[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Македонското население од ова село се иселувало најмногу во градовите Куманово, Скопје и други.[10]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.
- ↑ Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.158
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|