Новосељане
Новосељане — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во западните падини на планината Манговица, на надморска височина од 200 м. Релјефот е претежно низински, а 40 % од него е на висина од 300 м.
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Новосељане е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Жути Камен - Чилак на 1,5 км северно од селото.[2]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Населението претежно се занимава со земјоделство и сточарство.
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новосељане живееле 220 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Новосељане имало 176 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 46 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 19 Македонци и 1 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 220 | 176 | 338 | 399 | 465 | 421 | 210 | 110 | 86 | 46 | 20 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови[уреди | уреди извор]
Новосељани е македонско село.
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
- Староседелци: Шмерци (15 к.), Батреинци (6 к.), Клецанци (5 к.) и Шишиндини (3 к.) порано куќите им се наоѓале во месноста Старо Село.
- Доселеници: Коњушанци (12 к.) доселени се од селото Коњух во XIX век; Гулинци (4 к.) и Куранци (5 к.) доселени се во 1920 година од селото Гулинци во Кривопаланечко; Ѓурлаци (5 к.), Карадагчани (4 к.) и Дупинци (8 к.) доселени се во 1920 година од селото Станча во Кривопаланечко.[11]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Жути Камен - Чилак — населба од римско време
- Цервак - Црница — населба од доцноантичко време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
60 % од населението е отселено во најблискиот град Куманово, а мал дел е во Канада, Австралија и Америка.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 218. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1974). Скопје: Универзитетска Печатница „Св Кирил и Методиј“. Text " Dalevci doseleni se od seloto Dovezence kumanovsko vo 1936 god (2k) бласт" ignored (help); Отсутно или празно
|title=
(help)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|