Студена Бара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Студена Бара
Studena Bara 04.JPG

Поглед на Студена Бара

Студена Бара во рамките на Македонија
Студена Бара
Местоположба на Студена Бара во Македонија
Студена Бара на интерактивна карта

Координати 42°1′17″N 21°43′32″E / 42.02139° СГШ; 21.72556° ИГД / 42.02139; 21.72556Координати: 42°1′17″N 21°43′32″E / 42.02139° СГШ; 21.72556° ИГД / 42.02139; 21.72556
Регион Скопска Блатија
Општина Куманово
Население 231 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17099
Студена Бара на општинската карта
Студена Бара во Општина Куманово.svg

Атарот на Студена Бара во рамките на општината
Commons-logo.svg Студена Бара на Ризницата

Студена Бара — село во Општина Куманово на северот на Македонија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Скопска Блатија, на десниот брег на реката Пчиња.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948958—    
1953990+3.3%
19611.070+8.1%
1971870−18.7%
1981637−26.8%
ГодинаНас.±%
1991427−33.0%
1994403−5.6%
2002344−14.6%
2021231−32.8%

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Студена Бара имало 202 жители, од кои 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија, 30 Власи и 12 Роми.[2]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 344 жители, од кои 343 Македонци и 1 Србин.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 231 жител, од кои 200 Македонци и 31 лице без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 202 958 990 1.070 870 637 427 403 344 231
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Студена Бара e воглавно македонско село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:

Македонски

  • Староседелци: Десковци (2 к.), Златеви (1 к.), Етевци (5 к.), Пауновски (3 к.) и Тошеви (10 к.)
  • Доселеници: Ѓелеви или Павловски (5 к.), Тасевски (2 к.) и Трендевски (1 к.) доселени се во XIX век од селото Старо Нагоричане; Трендафиловци (6 к.) доселени се од соседното село Пчиња; Стаменови (8 к.) доселени се од селото Шупљи Камен. Го знаат следното родословие: Арсо (жив на 45 г. во 1953 година) Кимо-Сокол-Стамен, кој се доселил во селото; Војинчанци (3 к.) доселени се од селото Војник; Диневци (1 к.) доселени се од селото Шопско Рударе кај Кратово; Димковци (2 к.) доселени се од селото Бучинци кај Скопје; Матевци (2 к.) и Димишковци или Бојдевци (2 к.) доселени се од селото Катланово кај Скопје; Величковци (1 к.) доселени се од селото Коњух кај Кратово. Најпрво живееле во колиби и затоа ги викале Колибари. Жителите на овој род имаат темна боја на кожата, па возможно е да потекнуваат од предок Ром; Гиевски 1 (4 к.) доселени се од селото Орашац; Ѓоревци (6 к.) доселени се од селото Агино Село; Манчевци (2 к.) доселени се од селото Винце; Шоповци (5 к.) доселени се од селото Жељувино; Манчевци (3 к.) доселени се од селото Сушица кај Скопје; Гиевски (2 к.) доселени се во 1908 година од селото Винце; Бујковци (1 к.) доселени се во 1908 година од селото Бујковци кај Скопје; Колевци (1 к.) доселени се во 1908 година од Ченто, населба на територијата на град Скопје; Попови (4 к.) доселени се после 1912 година од селото Винце; Шопови или Ивановски (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Длабочица; Дојчинови (8 к.), Стоилковски (2 к.) и Ѓоревски (1 к.) доселени се, но не знаат од каде.

Српски

Турски

  • Доселеници: Салиќајини (11 к.) во тоа време (1953 година) биле единствен муслимански род во селото, од бројното муслиманско население кое живеело во селото. Нивното потекло било албанско. Основачот на родот бил доселен од Дебарско (веројатно од Долен Дебар, т.е околината на Пешкопеја).[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[10]
Археолошки наоѓалишта[12]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Порано во селото имало поголем број муслимански родови. Но тие се иселувале во повеќе наврати. Постарите иселеници отишле во Свети Николе (20 семејства), Крушје (10 семејства), Прешево (10 семејства), Скопје (6 семејства), Куманово (5 семејства) и во Романовце (3 семејства).

Посилен интензитет на иселување имало после 1912 кога голем број од населението е иселено во Турција.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 128-129.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. 9,0 9,1 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  11. „Се реставрира црква во Студена Бара“. Нет Пресс. 24 ноември 2008 08:41:15. Посетено на 2010-11-24. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  12. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 223. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]