Кучкарево
Кучкарево — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кучкарево живееле 84 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Кучкарево имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 105 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 84[1] | 120[2] | 191 | 222 | 290 | 298 | 222 | 160 | 165 | 105 |
Родови[уреди | уреди извор]
Кучкарево е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Доселеници: Ѓеневци (17 к.) доселени се од денес албанското село Брест во Скопско. Го знаат следното родословие: Славко (жив на 70 г. во 1971 година) Димо-Стојан-Стефко-Ѓено, кој се доселил пред околу 210 години; Манојловци (3 к.) доселени се одма после претходниот род. Доселени се од селото Мургаш, таму припаѓале на истоимениот род; Тасевци (4 к.) доселени се од некое село кај Врање. Од местото на старина се иселиле тројца браќа, едниот во Кучкарево, вториот во Градиште, а третиот во Мургаш; Спасевци (5 к.) доселени се од селото Коњух. Го знаат следното родословие: Милан (жив на 80 г. во 1971 година) Стојче-Спасо. Основачот на родот; Нешковци (2 к.) доселени се од селото Габреш; Орашчани (3 к.) доселени се во 1921 година од селото Орашац; Паланчанци (8 к.) доселени се во 1924 година од разни села во кривопаланечко (Добровница, Крстов Дол и итд.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
До 1970 година немало иселување од селото, но потоа населението почнало да се иселува по градовите.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница „Св Кирил и Методиј“.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |