Милутинце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милутинце
Милутинце is located in Македонија
Милутинце
Местоположба на Милутинце во Македонија
Координати 42°11′49″N 22°9′7″E / 42.19694° СГШ; 22.15194° ИГД / 42.19694; 22.15194Координати: 42°11′49″N 22°9′7″E / 42.19694° СГШ; 22.15194° ИГД / 42.19694; 22.15194
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Rankovce Municipality.svg Ранковце
Население 72[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031
Надм. вис. 586 м
Милутинце на општинската карта
Милутинце во Општина Ранковце.svg

Атарот на Милутинце во рамките на општината


Милутинце — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија.

Население[уреди | уреди извор]

Според последниот одржан попис во 2002 година имало само 72 жители.[1]

Сите жители се Македонци и се изјасниле како православни христијани.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[2] 1905[3] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 360 440 469 507 444 381 278 138 133 72
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]

Родови[уреди | уреди извор]

Милутинце е македонско село.

Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се

  • Чивлачани (12 к.), Црнкинци (22 к.) и Дрипановци (17 к.) сите живеат во свои посебни маала, кои ги носат имињата по родовите. Сите три рода во селото се доселенички со непознато потекло. А помеѓу овие родови има и домазети од селата Герман и Криви Камен.[5]


Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Најстари Доселеници: Курбалијци (5 к.) наведениот род потекнува од основачот на селото Милутин. Од некаде од Србија се доселиле тројца браќа, Гина, Љуба и Милутин. Тие основале три села (Гиновци, Љубинци и Милутинце).
  • Доселеници: Реканци (2 к.), Парлевци (1 к.), Чоклинци (6 к.), Пупуњци (3 к.), Чукарци (2 к.), Тораци (4 к.), Кукавци (1 к.), Ѓусинци (3 к.), Цепењаци (2 к.) и Калејци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде; Ќеловци (4 к.) доселени се во 1820 година од околината на Кратово; Џалинци (1 к.) доселени се во 1830 година од селото Радибуш; Црнкарци или Сулинци (7 к.) доселени се околу 1835 година од селото Црн Врв, недалеку од Кратово; Маџурци (6 к.) доселени се околу 1840 година од околината на Врање во Србија.[6]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Петралица, во која покрај Милутинце се наоѓале и селата Баратлија, Гиновци, Криви Камен и Петралица. Самата Општина Петралица била дел од Кривопаланечката околија. Општината Петралица постоела и во периодот 1950-1952 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  3. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  4. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  5. Трифуноски, Јован. Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ. 
  6. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.