Псача

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Псача
ЕкспедицијаРанковце86.jpg

Поглед на селото Псача

Псача is located in Македонија
Псача
Местоположба на Псача во Македонија
Координати 42°9′59″N 22°12′11″E / 42.16639° СГШ; 22.20306° ИГД / 42.16639; 22.20306Координати: 42°9′59″N 22°12′11″E / 42.16639° СГШ; 22.20306° ИГД / 42.16639; 22.20306
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Rankovce Municipality.svg Ранковце
Население 539[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1332
Повик. бр. 031
Надм. вис. 563 м
Commons-logo.svg Псача на Ризницата


Псача — село во Општина Ранковце во околината на Крива Паланка во североисточна Македонија. Селото е сместено во областа Славиште. Најпознато е по значајниот средновековен Псачки манастир, кој е сместен над селото во дабова шума.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Псача се наоѓа на левиот брег на Крива Река, во северното подножје на Осоговските Планини. Атарот зафаќа површина од 12,4 км2 и има околу 500 жители. Сместено е на јужниот раб на котлината и етнографската област Славиште, Кривопаланечко. Од општинското средиште Ранковце е оддалечено 8 километри.

Селото е сместено во крајниот јужен дел во Општина Ранковце, на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат oд Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница.

По својот тип спаѓа во групата на ридско-планински села и најголем дел од куќите се сместени околу магистралниот пат, но има и маала од разбиен тип расфрлени околу селото на поголема далечина.

Историја[уреди | уреди извор]

Пред крајот на XIX век, Псача е големо македонско село под ропство од Турците. Според официјални статистики од 1900 г. Псача е село во Крива Паланка со околу илјада жители православни Македонци.

По Првата светска војна, Псача била под Кривопаланечката општина и во селото имало 1.020 жители.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Портрет на кнезот Пасхач на фреска во црквата „Св. Никола“, по кого најверојатно селото го добило името Псача

Името на селото Псача најверојатно доаѓа и потекнува од името на кнезот Пасхач или Паскач , кој заедно со својот син - севастократот Влатко, во повелба од 1358 година се запишани и јавуваат како ктитори на старата манастирска црква „Свети Никола“, која што и денес постои над самото село, како дел од Псачкиот манастир. Од името на кнезот Пасхач, кое доаѓа од името на хебрејскиот збор и празник Пасха кој во денешно време во рускиот јазик се користи за празникот Велигден, со текот на времето името на селото најверојатно се изменило од Пасхача во денешниот облик Псача.

Стопанство[уреди | уреди извор]

На основа на составот на атарот, селото во основа има полјоделско-шумарска функција. Главното занимање на населението е земјоделството, иако голем дел од населението работи во градот Крива Паланка или пак во локалните претпријатија.[2]

Воедно, во селото постојат и современи стопански објекти поради што се смета за најиндустријализиран дел од општината, како што се: погонот за производство на печурки „Бонум“ и живинарска фарма. Покрај тоа, планирана е и изградба на технолошка и индустриска развојна зона од страна на Владата на Македонија. Исто така, во селото има две продавници и еден ресторан, како и сервис за автомобили.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Псача живееле 1.030 жители, од кои 1.000 Македонци и 30 Роми.[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Псача имало 896 Македонци, егзархисти.[4]

Според пописот од 2002 година, селото има 539 жители.[1] Според етничкиот состав во селото живееле:

Во однос на верското изјаснување, во селото освен мнозинското православно население, живееле и тројца муслимани и еден од останатите религии.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1030 896 1305 1385 1253 902 692 557 538 539
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Псача е македонско село.

Родови во селото се:

Најголемо е Ѓоринско маало со околу 60 к., во него се родовите Ѓоринци, Угриновци, Подржикоњци, Којкарци, и др. Во Ранчовско маало има околу 30 к., во Дамјанско маало има околу 23 к., во Богдановско маало има 14 к., во Радевско маало има 11 к., во Чифлачко маало има 9 к., во Чавдарско маало има 5 к..

Чавдарско маало се наоѓа во горниот дел од селото, таму се родовите Пуповци и Којкаровци, по преданието тие се единствените староседелци во селото. Останатите родови се доселени кон крајот на XVIII и во текот на XIX век. Скоро за сите доселенички родови не се знае од каде се доселени, единствено се знае за родовите Ѓоринци (10 к.) дека се доселени од селото Црешево кај Ќустендил (денес во Бугарија) и ја знаат следната генеологија Јордан (жив на 53 год во 1973 година) Савко-Јаќим-Младен-Илија, се доселил неговиот татко. Родот Угриновци е доселен од селото Огут, и родот Подржикоњци (5 к.) доселени се од селото Подржи Коњ.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било во рамките на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на некогашната општина Длабочица, во која се наоѓале и селата Баштево, Борово, Длабочица, Мождивњак и Тламинци. Самата Општина Длабочица била дел од Кривопаланечката околија. Во периодот 1950-1952 година, селото претставувало општинско седиште на некогашната Општина Псача, која влегувала во поголемата Кривопаланечка околија.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[9]
Манастири
  • Псачки манастир — значаен средновековен манастир и заштитен споменик на културата
Реки

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. 2,0 2,1 „Студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина и општествените аспекти од изградба на државен пат А2 делница Крива Паланка - Ранковце“ (PDF). ДИВИ Македонија и Геинг Кребс унд Кифер (македонски). Скопје: Агенција за државни патишта на Македонија. март 2015. конс. 4 февруари 2016. 
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, с. 225.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ. стр. 336-337-338-339-340. 
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]