Опила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Опила
Црква Свети Никола село Опила.jpg

Црква „Св. Никола“ во селото Опила

Опила is located in Македонија
Опила
Местоположба на Опила во Македонија
Координати 42°8′34″N 22°8′39″E / 42.14278° СГШ; 22.14417° ИГД / 42.14278; 22.14417Координати: 42°8′34″N 22°8′39″E / 42.14278° СГШ; 22.14417° ИГД / 42.14278; 22.14417
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Rankovce Municipality.svg Ранковце
Население 269[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031
Надм. вис. 647 м
Опила на општинската карта
Опила во Општина Ранковце.svg

Атарот на Опила во рамките на општината
Commons-logo.svg Опила на Ризницата


Опила — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Ранковце.

Се наоѓа во непосредна близина на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат oд Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците од пописот во 2002 година во Опила живеат 269 жители сите од македонско етничко потекло (освен еден Србин) и со православна вероисповест.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[2] 1905[3] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 980 906 1160 1309 1193 1020 631 379 288 269
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]

Родови[уреди | уреди извор]

Опила е македонско-ромско село.

Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се:

  • Македонски родови: Во маалото Каваклија има околу (35 к.). Поедини родови се: Баратлици (6 к.), Арнаутовци (4 к.), Долномалци (2 к.), Радичковци (1 к.) и др. - во маалото Пералиште има околу (25 к.). Се делат на Аџијинци, Мирашовци, Прекопевци, Мандарци, и др. - во маалото Маковиште има околу (20 к.) - во маалото Ѓорговци има околу (18 к.). и се делат на Качаровци, Адвокатци и Грковци. - во маалото Бабунци има околу (10 к.) - во маалото Кајиш има околу (9 к.) - во маалото Котарица има околу (6 к.). - во маалото Мишинци има околу (5 к.). - и во маалото Мајаница има околу (5 к.).

Помеѓу населението во наведените маала доминираат доселениците. За населението во маалото Бабунци, и името кажува дека се доселени од околината на Бабуна (велешко). За населението во маалото Котарица се зборува дека се доселени од околината на Врање. Во маалото Маковиште има доселеници од Врбица кај Кратово. Во маалото Ѓорговци има доселеници од Млаки исто така кај Кратово. Во маалото Пералиште има доселеници од селото Нежилово кај Кратово. Во маалото Кајиш има доселеници од еден куп села (таму е збркотија). Во маалото Каваклија, родот Арнаутовци е доселен од селото Млаки кај Кратово. И ја знаат следната генеологија Кољо (жив на 56 год. во 1973 година) Петар-Димитрија-Стамен-Ристо-Златан, се доселил неговиот татко.

  • Православни Роми: Моневци (10 к.), Трајковци (4 к.), Митевци (1 к.) и останати (5 к.) во време на истражувањата еден Ром рекол: едни се иселуваат од ова село, а други се доселуваат во селото.[5]


Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Документ со печат од селската општина во Опила, 5 јуни 1918 година.

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Опила се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнци, Гулинци, Љубинци, Одрено, Отошница, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од 1948 до 1973 година ова село е смалено за 159 луѓе. Од ова село се иселувало младото население. Населението воглавно се иселувало во Скопје. Понатака се знае и за иселеници на следните места. Пеширово (Поповци, Митовци, Арнавудовци, Трајковци, Дрлевци и Јаќимовци). Таму се иселени и православни Роми (Пешовци). Во селото Горно Црнилиште четири семејства. Три семејства на православни Роми во селото Горобинци. И Арсовци и Митровци во селото Доброшане.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  3. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  4. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  5. 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ.