Прејди на содржината

Македонија. Етнографија и статистика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонија. Етнографија и статистика
mini
корица на книгата
АвторВасил Иванов К’нчов
Изворен насловМакедония. Етнография и статистика
ЗемјаБугарија
Јазикбугарски
ИздавачДржавна печатница - Софија
Издадена
1900
Етничка карта на Македонија од книгата на К’нчов

„Македонија. Етнографија и статистика“[1] е книга на бугарскиот географ и политичар Васил К’нчов. Отпечатена е на бугарски јазик во 1900 година во Софија и претставува прва целосна статистика на населението на Македонија објавена во Бугарија. Издавач е Бугарската академија на науките. Книгата е преведена и на француски јазик од Леон Ламуш.

Васил К’нчов долги години работел и предавал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во Солун и во Сер, а од 1894 до 1897 година бил главен училиштен инспектор на егзархиските училишта во Македонија. Патувајќи како инспектор, собирал информации на терен за населените места, за етничкиот и религиозен состав на населението, па користејќи и други дотогаш објавени студии и патописи за Македонија, ги објавил во оваа книга.

Во првиот дел од книгата К’нчов дава општи белешки за населението на Балканскиот Полуостров, историски осврт на етничката состојба и промените во етничкиот состав на Македонија во текот на историјата. Потоа пренесува неколку карти со негови коментари во врска со етнографските карти и описи на Франсоа Пуквил, Ами Буе, Август Гризебах, Павел Шафарик, Јосиф Милер, Виктор Григорович, Јохан Георг фон Хан, Гиом Лежан, Џорџина Макензи и Аделина Урби, Густав Вајганд, Хајнрих Киперт и други.

Во вториот дел наречен „Статистика“ дава подробен опис на сите населени места во Македонија по кази, на нивното население, етничкиот состав и религиозната припадност. Целото словенско население на Македонија К’нчов го именува како бугарско.

Етничка припадност

[уреди | уреди извор]

К’нчов смета дека Бугарите претставуваат главен локален елемент во Македонија.[2] На второ место според него се Турците, а потоа се Грците и Арнаутите, кои главно ги населуваат јужните и западните покраини на земјата.[3]

Во неговата книга „Орохидрографија на Македонија“, К’нчов пишува дека Бугарите и Куцовласите самите себе се нарекуваат Македонци, а така ги нарекуваат и околните народи.[4]

Етничка припадност по вилаети

[уреди | уреди извор]

Според К’нчов, етничката припадност на населението во Македонија по вилаети е следната:[5]

ВилаетБугари Хр.Бугари Мусл.ТурциЧеркезиГрци Хр.Грци Мусл.Арнаути Хр.Арнаути Мусл.ВласиЕвреиЦиганиРазниВкупно
Солунски вилает454.18097.620311.1031.987153.821920611.15028.94959.94034.09820.7101.164.539
Скопски вилает244.19713.11494.14035050/1.02452.4823.1301.6309.091800420.008
Битолски вилает333.85636.06989.42150056.90813.4537.42562.06945.1886.27011.368500663.027
Вкупно во Македонија 1.032.233146.803494.6642.837210.77914.3738.510115.70177.26767.84054.55722.0102.247.574

Во проценти, етничката припадност по вилаети според К’нчов е:

ВилаетБугари Хр.Бугари Мусл.ТурциЧеркезиГрци Хр.Грци Мусл.Арнаути Хр.Арнаути Мусл.ВласиЕвреиЦиганиРазниВкупно
Солунски вилает39,008,3826,710,1713,210,080,010,102,495,152,931,78100
Скопски вилает58,143,1222,410,080,01/0,2412,500,750,392,160,19100
Битолски вилает50,355,4413,490,088,582,031,129,366,820,951,710,08100
Вкупно во Македонија 45,936,5322,010,139,380,640,385,153,443,022,430,98100

Етничка припадност по кази

[уреди | уреди извор]

Според К’нчов, етничката припадност на населението во Македонија по кази е следната:[6]

Во проценти етничката припадност на населението по кази е следната:

Етничка припадност по градови

[уреди | уреди извор]
Градското население во Македонија според К’нчов
  1. Турци (33%)
  2. Бугари христијани (33%)
  3. Евреи (12%)
  4. Грци христијани (8%)
  5. Цигани (4%)
  6. Други (Бугари и Грци муслимани, Черкези, Арнаути, Власи) (8%)
  7. Разни (2%)

Според некои статистики во периодот кога се спороведувал пописот на територијата на етнографска Македонија имало 49 градови. Најголем град во Македонија бил Солун, додека втор по големина бил Битола (најголем во Вардарска Македонија), а како најмал се наведува градот Гребен. Од етнички аспект, Македонците (според К’нчов 'Бугари') биле мнозинство во 23 града, со тоа што во три од нив, Кичево, Пехчево и Кавадарци доминирале Македонците муслимани. Турците сочинувале повеќе од половина од населението во 20 града, потоа Грците во 4, а Албанците и Евреите во по еден град.

Може да се забележи дека во 1900 година, главни и речиси подеднакво застапени етнички групи во македонските градови биле Македонците (200.815) и Турците (187.835), кои заедно живееле во 35 градови. Воопшто немало Македонци во Кавала, Кожани, Правишта, Кајлар и Гребен, додека не биле запишани Турци во градовите Дебар, Крушево, Кавадарци, Кичево, Пехчево, Гуменџе, Берово и Неготино.

Во најголем број Македонците биле запишани во Прилеп (16.900 ж.), Албанците во Дебар, Власите во Битола, а Евреите, Турците, Грците и Ромите во Солун.

Од вкупно 2.247.574 жители, бројот на градското население изнесувал 568.574 жители или 25.2 %, додека поголемиот дел или 1.679.000 жители, односно 74,8 % припаѓале на селското население.

Етничка припадност по кази согласно поделбата на Македонија од 1913 и 1919 година

[уреди | уреди извор]

Ако се земе предвид поделбата на Македонија која настанала по Балканските војни и Првата светска војна, односно поделбата на Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија, етничката припадност на населението според податоците по кази на К’нчов би била следната:[8]

Бугари Хр.Бугари Мусл.ТурциЧеркезиГрци Хр.Грци Мусл.Арнаути Хр.Арнаути Мусл.ВласиЕвреиЦиганиРазниВкупно
Егејска Македонија307.24039.532270.6002.100208.01913.7533.2915.58433.28459.56029.58817.210989.761
Вардарска Македонија600.53065.974190.54873750/5.219110.11738.8827.99020.4914.8001.045.301
Пиринска Македонија124.46341.29734.016/2.710620//3.9582904.478/211.832
Вкупно во Македонија 1.032.233146.803494.6642.837210.77914.3738.510115.70177.26767.84054.55722.0102.247.574

Во проценти етничката припадност на населениeто би била:

Бугари Хр.Бугари Мусл.ТурциЧеркезиГрци Хр.Грци Мусл.Арнаути Хр.Арнаути Мусл.ВласиЕвреиЦиганиРазниВкупно
Егејска Македонија31,043,9927,340,2121,021,390,330,563,366,022,991,74100
Вардарска Македонија57,456,3118,230,07//0,5010,533,720,761,960,46100
Пиринска Македонија58,7619,5016,06/1,280,29//1,870,142,11/100
Вкупно во Македонија 45,936,5322,010,139,380,640,385,153,443,022,430,98100
  1. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. Софија, 1900.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, Софија, 1900, с. 18.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, Софија, 1900, с. 17.
  4. „Месните бугари и куцовласи, кои живет во пределите на Македонија се нарекуваат самите Македонци и околните народи ги нарекуваат така. Турците и арнаутите не се кажуваат Македонци, но запрашани од каде се, одговараат: од Македонија.” цитат од книгата “Орохидрография на Македония” - Васил Кънчов, Пловдив, Печатница Хр. Г. Данов, 1911 г.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, Софија, 1900, с. 281-283.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, Софија, 1900, с. 281-283. Во овој преглед на К’нчов недостигаат податоците од Серската каза, кои се придодадени во оваа табела од статистичките податоци на К’нчов за Серската каза.
  7. Дополнителната бројка е за две села населени со Грци, кои К’нчов не ги вклучил во пресметките.
  8. Во Егејска Македонија се вклучени следните кази: Солунска, Берска, Ениџе-Вардарска, Воденска, Кукушка, Лагадинска, Касандра, Света гора, Серска, З'хна, Демир-Хисарска, Драмска, Правишка, Кавалска, Сари-Шабанска, Леринска, Костурска, Калјарска, Анаселичка, Гревенска и Кожанска. Во Вардарска Македонија се вклучени следните кази: Гевгелиска, Тиквеш, Велешка, Струмичка, Дојранска, Скопска, Тетовска, Кумановска, Прешовска, Кратовска, Криво-Паланечка, Кочанска, Малешево, Штипска, Радовишка, Битолска, Прилепска, Охридска, Кичевска, Дебарска и Река. Во Пиринска Македонија се вклучени следните кази: Петричка, Мелничка, Горно-Џумајска, Разлог и Неврокопска.