Кратово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кратово
Панорамски поглед кон Кратово
Панорамски поглед кон Кратово
Знаме на Кратово
Знаме
Амблем на Кратово
Амблем
Прекар(и): Градот на кулите и мостовите
Кратово се наоѓа во Македонија
Кратово
Местоположба во Македонија
Координати: 42°04′ СГШ 22°11′ ИГД / 
Земја Македонија Македонија
Регион Logo of Northeastern Region, Macedonia.svg Североисточен
Општина Грб на Општина Кратово Кратово
Управа
 • Градоначалник Мите Андоновски (ВМРО-ДПМНЕ)
Површина
 • Вкупна 376 км2
Надм. вис. 600 м
Население
 • Вкупно 6.924
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Пошт. бр. 1360
Повик. бр. +389 031
Рег. таб. KR
Заштитник Свети Ѓорѓи Кратовски
Мреж. место kratovo.gov.mk/

Кратовоград во североисточна Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Претставуа еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот. Во 2002 година имал 6.924 жители.[1]

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Глетка на Кратово
Кратовска (Табачка) Река со еден од неколкуте стари камени мостови во центарот на Кратово

Постојат повеќе примери за изворот на името на градот Кратово. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од османлиите. Бо времето на Византија, градот е наречен „Коритос“ или „Коритон“.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Кратово.

Античка и средновековна историја[уреди | уреди извор]

Кратово некаде пред 1926 г.

Подрачјето било населено уште во римско време. Градот бил познат како рударски град под името „Кратишкара“, кој ѝ припаѓал на римската провинција Дарданија. Во византиско време, Кратово е познато како „Коритос“ или „Коритон“, што ја објаснува и неговата местоположба, „корито во кое се наоѓа градот“. Како сведоштво за животот и значењето на Кратово во античкиот и средновековниот период како важно рударско средиште, се остатоците од рудниците и големиот број подземни тунели и премини кои ги поврзувале и од кои се ископувала и пренесувала рудата.

Во времето на владеењето на Стефан Немања, во 1189 година, Кратово било присвоено кон Србија, под српска надвласт со градот властувал деспотот Јован Оливер.

Глетка на дел од Кратово од Радин Мост

Зa постоењето на Кратово раскажувал Хомеровиот еп "Илијада" во VI в.п.н.е. Како доказ служат и монетите од времето на Адолион Пајонски, крал кој владеел од 315 до 285 г.п.н.е. Во тоа време, градот тргувал со злато, сребро и бакар.

Османлиско ропство[уреди | уреди извор]

Во втората половина на XIV век, Кратово потпаѓа под Османлиското Царство. Во XVI и во XVII век, во составот на новоосвоените територии на османлите, градот станал подрачен центар.[1] Градот го посетил и турскиот султан Мурат. Од 1689 до 1805 градот бил запустен.

Географија[уреди | уреди извор]

Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, помеѓу општините Крива Паланка, Пробиштип, Свети Николе, Куманово и Кочани, во западниот дел на планината Осогово, во кратер на изгаснат вулкан. Низ него тече Кратовска Река и три помали реки.

Кула во Кратово

Кратово е поврзан со регионалниот пат „Р-206“, кој овозможува поврзување на градот со другите магистрални патишта:

Клима[уреди | уреди извор]

Климата е умерено континентална и планинска, поради надморската височина на градот. Во стругата на реката Крива се чувствува влијанието на Вардарската долина и Средоземјето.

Температурата на воздухот се разликува во летниот период во однос на зимскиот период. Максималната температура во летниот период е 38,5°С, а минималната во зимски период е -16,5°С, просечно температура изнесува 11,3 °С.

Врнежите се движат од 550 мм до 750 мм воден талог на 1м², во зависност од апсолутната височина. Најизразени врнежи има во април, мај, октомври и ноември, а најсушни се месеците - август, септември и февруари. Кратово спаѓа под влијание на југозападни ветрови кои доведуваат до топло и врнежливо време, а североисточните ветрови дуваат од планинските делови и условуваат суво и ладно време.

Население[уреди | уреди извор]

Во 1836 година, градот имал 56.000 жители.[2] Во втората половина на XIX век, бројот на населението било неизменето. Во турските записи пишува дека од 303 жители, 74 биле исламизирани, што во тогашна Македонија, Кратово спаѓал меѓу градовите кои биле најнаселени со муслимани.[1]

Според пописот од 2002 година, во градот Кратово живеат 6.924 жители[3].

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 6.924 жители и спаѓал во групата на мали градови.[4] Етнички гледано, населението е составено од:[3]

Етнички групи[3]
Македонци
  
97.11%
Роми
  
2.18%
Срби
  
0.39%
други
  
0.19%
Турци
  
0.12%
Власи
  
0.01%
народ вкупен број % од вкупното население
Македонци 6.724 97,11
Турци 8 0,12
Роми 151 2,18
Власи 1 0,01
Срби 39 0,39
други 13 0,19
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[3]:

Јазици[3]
македонски
  
96.89%
ромски
  
2.48%
српски
  
0.33%
други
  
0.14%
турски
  
0.12%
влашки
  
0.01%
бошњачки
  
0.01%
јазик вкупен број % од вкупното население
македонски 6.709 96,89
турски 8 0,12
ромски 172 2,48
влашки 1 0,01
српски 23 0,33
бошњачки 1 0,01
други 10 0,14
Вероисповед

Во Кратово се застапени следните религиски групи[3]:

Религија[3]
Православие
  
96.71%
Ислам
  
2.50%
други
  
0.75%
Католицизам
  
0.03%
Протестантство
  
0.01%
религија вкупен број % од вкупното население
Православни 6.696 96,71
Муслимани 173 2,50
Католици 2 0,03
Протестанти 1 0,01
други 52 0,75

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Кратово:

Население во минатото
Година Нас. ±%
1948 1.925 —    
1953 1.993 +3.5%
1961 2.411 +21.0%
1971 3.735 +54.9%
1981 5.442 +45.7%
1991 6.528 +20.0%
1994 6.481 −0.7%
2002 6.924 +6.8%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.925
1953 1.754 0 108 100 1 8 22 1.993
1961 2.229 4 89 24 65 2.411
1971 3.566 0 15 82 27 45 3.735
1981 5.255 0 24 103 0 33 27 5.442
1991 6.326 1 7 144 1 35 14 6.528
1994 6.308 0 7 135 0 22 9 6.481
2002 6.724 0 8 151 1 27 0 13 6.924

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Стопанство[уреди | уреди извор]

Барање за електрификација на градот Кратово од централата на рудникот „Злетово“, потпишано од граѓаните и членовите на Народноослободителниот одбор во Кратово. (11.12.1944)

Развојот на Кратово започнува во втората половина на XX век. Меѓу значителните претпријатиа од тоа време, се комбинатот „Силекс“, фабриката за брусеви и брусно платно „Иднина“, модната конфекција „Кратовчанка“ и други производни капацитети, во кои почнало поширокото вработување. Во транзицијата се затвориле сите поголеми производни капацитети. Градот има невработени 1.899 лица.[5] Денес од поголемите претпријатиа во Кратово работат: „АДК РИК-Силекс“, состав на повеќе профитни центри и „Иднина“, производство на брусеви, брусно платно и хартија. Градот има 150 трговски друштва и 4 текстилни погони. Во гранката на земјоделието, најзастепени се културите пченица и јачмен. Градот е аграрно-индустриски[1].

Култура[уреди | уреди извор]

Улица во Кратово

Кратово во средниот век бил познат по своеата Кратовско книжевно училиште, које заедно со книжевното училиште на манастирот Св. Гаврил Лесновски биле особено активни од XII до XIV век. Во училиштата се препишувале стари книги и се пишувале нови текстови од црковна содржина, со што Кратово во раниот среден век станал културен центар.

Кратово ги има следниве културни установи: музеј на град Кратово, домот на културата и градска библотека. Од образовни институции има, едно средно училиште ДСУ „Митко Пенџуклиски", детската градинка „Царка Андреева“, интернат, приватно училиште за странски јазици и едно основно ОУ „Кочо Рацин".

Во Кратово има три православни цркви. Во време на турското владеење градот имал преку 20 цркви, од кои се пронајдени остатоци.

  • Црквата „Св. Никола Чудотворец“ во Царина маала, обновена 1848 год.
  • Црквата „Св. Јован Претеча“ во Рибарското маало, обновена 1836 год. и
  • Црквата „Св. Ѓорѓи Кратовски“ сместена во старите гробишта. Таа била посветена на единствениот маченик, прогласен за светец од Кратово од XVI век „Св. Ѓорѓи Кратовски“, кој поради својата вера во христијанството бил спален 1515 год. во Софија. Во негова чест и слава и во чест на зачекорувањето во третиот сехристијански Милениум, Советот на општината Кратово го прогласил празникот „Свети Ѓорѓи Кратовски” за патронен празник на градот кој се слави на 24 февруари, а светецот „Свети Ѓорѓи Кратовски” станал симбол и заштитник на градот и општината.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Архитектура во Кратово.
Саат-кулата во Кратово
Куќа со традиционална архитектура во Кратово

Кратово е изградено со типична староградска македонска архитектура и е познато по своите кули и мостови. Во градбите е значителен каменот и дрвната конструкција, пересте и плитар, со што на градбите им овозможува еластичнот и цврстина. Стреите и таваните биле украсувани со декоративни штички. Чардаците на секоја куќа се посебно обележие на кратовската куќа. Од чардакот зависела и обликата на куќата. Вратите на куќите се еден од најубавите и најобработени детаљи, тие се како еднокрилни или пак двокрилни. Во минатото секоја кратовска куќа имала бања за капење. Како посебна просторија во куќата имала огниште, кое служело за загревање на просториите и за готвење храна.[1]

Археолошки локалитети[уреди | уреди извор]

Културни настани[уреди | уреди извор]

Медиуми[уреди | уреди извор]

Кратово има радио станица Радио Кратово, која ја објавува информативната дејност во општината и градот. Градот има две државни и две приватни телевизиски станици кои работат на територијата на целата држава и една кабловска телевизиска станица „Крателсат”.

Спорт и рекреација[уреди | уреди извор]

Подрачјето на градот е покриено со природно зеленило, располага со убави излетнички места, како: планината „Лисец“ и „Буковец“ и долината на реката Злетовица и Крива Река. Градот го има хотелот „Кратис” и повеќе угостителски објекти и градски олимписки базен во сопственост на АД РИК „Силекс”-Кратово.

Во градот има, една спортска сала, фудбалски стадион на фудбалскиот клуб „Силекс”, кој се натпреварува во Првата Македонска фудбалска лига. ФК Силекс во минатото освоил три шампионски титули и два купа на Македонија. Исто така, има и два женски ракометни клуба: РК „Кратово” и РК „Добра Вода”, кои се натпреваруваат во Првата Македонска ракометна лига, карате клуб и шаховски клуб „Кратово“.[1]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Кратово
Починале

Поврзано[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Општи информации за Кратово
  2. Патописи на Ами Буе
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf. конс. 12 мај 2016 г. 
  4. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (II доп. издание). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7. http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/567_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B3%D0%B5%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0,%202016.pdf. 
  5. АВРМ - Центар за вработуванје Кратово,30.10.2006
  6. „Лесновски ѕвона“ ечеа во чест на кратовскиот поет Чедо Јакимовски
  7. Во Кратово вечерва почнува културната манифестација „Златни денови“
  8. Се одржа манифестацијата „Ден на компирот“ во Кратово
  9. Алексовска Неделковска, Соња. „НА КОНЦЕРТОТ ВО ЦЕНТАРОТ „САВА“ Есма блесна пред некогашните сограѓани“ (на македонски). Дневник. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=05CA1C7D2432C84298BFA3889AAB3CB7. конс. 5 октомври 2010 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]