Турски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Турски)
Турски јазик
Türkçe
Изговор[tyrktʃe']
Застапен воТурција, Кипар, Северен Кипар, Македонија, Косово и во многу останати земји
ПодрачјеАзија, Европа
Говорниципреку 50 милиони луѓе  
Јазично семејство
ПисмоТурска азбука
Статус
Службен во Турција
 Кипар
 Северен Кипар
Регулативен органТурска јазична асоцијација
Јазични кодови
ISO 639-1tr
ISO 639-2tur
ISO 639-3tur
Книга на гатањето, 10 век

Турски јазикјазик што го зборуваат околу 63 милиони луѓе во светот и доста зборуван јазик во туркиските држави. Најмногу е зборуван во родните Турција и Кипар но и во останатите балкански држави. Исто така турскиот јазик е зборуван од неколку милиони Турци низ европските држави, особено во Германија.

Првите записи на турскиот јазик датираат од централна Азија од пред 1.200 години. Претходник на турскиот јазик бил отоманскиот турски јазик и бил пишуван со отоманска азбука (арапска азбука). Со реформите на Кемал Ататурк, денес турскиот јазик се пишува со латиница. Турската јазична асоцијација денес се стреми да ги отстрани странските зборови од турскиот јазик и да ги воведе старите турски зборови. Реченичкиот состав на турскиот е субјект-објект-глагол и нема род на именки.

Фонологија[уреди | уреди извор]

Самогласки[уреди | уреди извор]

турски самогласки
Предни Задни
Незаоблени Заоблени Незаоблени Заоблени
Високи i ü ı u
Ниски e ö a o

Турски јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Bütün insanlar hür, haysiyet ve haklar bakımından eşit doğarlar. Akıl ve vicdana sahiptirler ve birbirlerine karşı kardeşlik zihniyeti ile hareket etmelidirler.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Согласки[уреди | уреди извор]

билабијални лабиодентални дентални алвеоларни посталвеоларни непчани веларни глотални
експлозивни p b c ɟ k ɡ
носни m n
фрикативни f v s z ʃ ʒ ɣ h
африкативни
вевни ɾ
апреоксимантни j
латерални ɫ l

Именки[уреди | уреди извор]

Падеж Наставка Пример Значење
köy "село" ağaç "дрво"
Номинатив Ø (нема) köy ağaç село (то) /дрво
генитив -in4 köyün ağacın на селото/дрвото
од селото/ дрвото
Датив -e² köye ağaca на селото/дрвото
Акузатив -i4 köyü ağacı селото.дрвото
Аблатив -den² köyden ağaçtan од селото/ дрвото
Локатив -de² köyde ağaçta во селото/ дрвото