Азербејџански јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Азербејџански јазик
Азерски јазик
Azərbaycan dili, آذربایجان دیلی, Азәрбајҹан дили
Изговор /ɑzærbɑjdʒɑn dili/
Застапен во
Подрачје Азербејџан, Кавказ
Народ Азери
Говорници 26 милиони  (2007)e18
Јазично семејство
турски
Писмо
Статус
Службен во

 Азербејџан
 Русија

Регулативен орган Азербејџанска Национална Академија на Науките
Јазични кодови
ISO 639-1 az
ISO 639-2 aze
ISO 639-3 aze — опсежен код
Поединечни кодови:
azj — северноазербејџански
azb — јужноазербејџански
slq — селџучки
qxq — кашкајски
Linguasphere дел од 44-AAB-a
{{{mapalt}}}
Азербејџански јазик
  региони каде јазикот е мнозински
  региони каде јазикот е видливо малцински

Азербејџански, или именуван како азерски, а понекогаш и како азерски турски[1][2] или само турски[3][4]турски јазик кој е мајчин јазик на Азерите. Јазикот е официјален во современата држава Азербејџан, како и во руската република Дагестан. Најголемиот број говорници на азербејџански се наоѓаат во Иран, но таму нема никаков официјален статус. Покрај тоа, јазикот се зборува и меѓу азерската дијаспора во Грузија, Турција и останатите држави.

Азербејџанскиот е дел од групата на огуски јазици. Јазикот се дели на северноазербејџански (кој се зборува во Азербејџан и Русија) и јужноазербејџански (кој се зборува во Иран. Азербејџанскиот е многу сличен и сроден со турскиот, туркменскиот, кашкајскиот и кримскотатарскиот јазик. Овие јазици се меѓусебно разбирливи.[5]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Азерите го именуваат јазикот како турки (Türki)[6] што во превод значи „турски“ или азербејџански турски (Azərbaycan Türkcəsi). Понекогаш од одреден круг на научници се користи терминот истанбулски турски за современиот јазик во Турција.

Во периодот од 1945/ 1946 година Азербејџанската Народна Влада која управувала со Ирански Азербејџан, азербејџанскиот јазик во Иран официјално го именувала како „турски“. Во 1992 и 1993 година, кога се основала современата држава Азербејџан, официјално јазикот го именувала како „турски“. Но по 1994 година властите почнале да го користат терминот „азербејџански јазик“, кој патем бил користен за време на СССР.

Гласовен систем[уреди | уреди извор]

Самогласки[уреди | уреди извор]

Самогласки
предни задни
незаоблени заоблени незаоблени заоблени
затворени i y ɯ u
средни e ø o
отворени æ ɑ

Шема на азербејџански самогласки:[7]
Azeri vowel chart.svg

Согласки[уреди | уреди извор]

Согласки во современиот азербејџански јазик
Билабијални Лабијално-
дентални
Дентални Алвеоларни Пост-
алвеоларни
Непчани Меконепчани Глотални
Експлозивни и
африкати
p b t d ʧ ʤ c ɟ k ɡ
Носни m n
Фрикати f v s z ʃ ʒ x ɣ h
Апроксимантни l j
Тапни ɾ
Azeri language on mk.png

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Djavadi, Abbas. „Iran's Ethnic Azeris And The Language Question“, 19 јули 2010.
  2. electricpulp.com. „AZERBAIJAN viii. Azeri Turkish – Encyclopaedia Iranica“. http://www.iranicaonline.org/articles/azerbaijan-viii. 
  3. „Türk dili, yoxsa azərbaycan dili? (Turkish language or Azerbaijani language?)“. 9 август 2016. http://www.bbc.com/azeri/analysis/2016/08/160809_azer_turk_language. конс. 15 август 2016 г. 
  4. [1] Milli dil məsələsi: Türk dili, yoxsa Azərbaycan dili?
  5. Sinor, Denis (1969). Inner Asia. History-Civilization-Languages. A syllabus. Bloomington. стр. 71–96. ISBN 0-87750-081-9. https://books.google.com/books?id=vn-xZ3O1G-cC&pg=PA71#v=onepage&q&f=false. 
  6. „Türk dili, yoxsa azərbaycan dili? (Turkish language or Azerbaijani language?)“. 9 август 2016. http://www.bbc.com/azeri/analysis/2016/08/160809_azer_turk_language. конс. 15 август 2016 г. 
  7. Mokari, P. G.; Werner, S. (2016). "An acoustic description of spectral and temporal characteristics of Azerbaijani vowels". Poznań Studies in Contemporary Linguistics 52 (3).