Хакаскиот е туркиски јазик, зборуван од хакаскиот народ што воглавном живеат во Сибериска Хакаска Република или Хаказија во Русија. Народот има население од 78,500 од кои 60,168 го зборуваат хакаскиот јазик и повеќето зборуваат два јазици хакаски и руски јазик.
Јазикот е поделен во неколку дијалекти и нивните имиња потекнуваат од имиња на различни племиња: сагајски, кочаски, којбалски, белтирски и кизилски дијалект. До скоро време овие називи претставувале административни единици во републиката.