Татарски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Татарски јазик
татарча / tatarça / تاتارچا
Застапен воРусија
Говорници8 милиони  
Јазично семејство
алтајски[1]
Статус
Службен воТатарстан
Јазични кодови
ISO 639-1tt
ISO 639-2tat
ISO 639-3tat
Знак на метрото на татарски (горе) и руски

Татарски јазик (tatar tele, tatarça, татар теле, татарча) — туркиски јазик од алтајската група на јазици. Јазикот е службен јазик во руската република Татарстан и мајчин јазик на Татарите.

Географска распространетост[уреди | уреди извор]

Татарскиот јазик се зборува во Татарстан, Русија, но и во делови од Кина, Турција, Полска, Украина, Финска и Средна Азија. Покрај тоа што татарскиот јазик е мајчин јазик на Татарите, тој е мајчин јазик на неколку илјади Маријци, Мордовци и Каратаи. Околу 94 % од Татарите изјавиле дека знаат татарски јазик за време на пописот во Русија во 2002.[2]

службен стгатус[уреди | уреди извор]

Татарскиот, заедно со рускиот, е службен јазик во Република Татарстан. Официјалното писмо на татарскиот јазик е кирилското татарско писмо, кое ги има основните кирилски букви и некои додатни букви кои се вовеле за потребите на татарската фонологија. Покрај кирилското писмо, јазикот понекогаш користи латинско и арапско писмо. Сите официјални документи во Татарстан се на кирилица, како и мрежните места. Сепак, во различни места каде татарскиот не е службен јазик, секој поединец може да користи и друго писмо, во зависност од неговата одлика.

Татарскиот јазик бил де факто службен јазик во 1917 година во Татарската Автономна Советска Социјалистичка Република. Исто така, се смета дека татарскиот јазик бил службен јазик во краткотрајната држава Идел-Урал, која била создадена нешто по Руската граѓанска војна. Сепак важно е да се напомене дека Болшевичка Русија не признавала службени јазици, но сепак имало дозволи за користење на некои јазици во одредени сегменти на јавната администрација.

Употребата на татарскиот јазик опаднала од 1930 па навака. Во 1980-те јазикот не се користел во училиштата, дури не и од татарските деца. Јазикот останал да се користи на разговорно ниво и најчесто во руралните области. Денес, сè уште, јазикот го нема статусот на престижен меѓу Татарите, но истиот не е ни загрозен јазик.[3] Високо образование на татарски јазик може да се сретне само во Татарстан и тоа само кај универзитетите за хуманистички науки. Во целата република татарскиот е средство за секојдневна комуникација. Како прв службен јазик тој се користи во руралните окрузи на републиката, а рускиот е сè уште доминантен и најкористен јазик во целата република.

Потекло[уреди | уреди извор]

Татарскиот јазик потекнува од т.н. кипчачко-прабугарска подгрупа на кипчачката група туркиски јазици.

Примери[уреди | уреди извор]

  • äye - да
  • yuq - не
  • isänme(sez)/sawmı(sız) - здраво
  • sälâm - здраво
  • saw bul(ığız)/xuş(ığız) - до видување
  • zínhar öçen - молам
  • min - јас
  • sin - ти
  • ul - тој / таа / тоа
  • bez - ние
  • sez - вие
  • alar - тие
  • millät - народ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "[1] Ethnologue"
  2. Russian Census 2002. 6. Владение языками (кроме русского) населением отдельных национальностей по республикам, автономной области и автономным округам Российской Федерации Архивирано на 4 ноември 2006 г.(Knowledge of languages other than Russian by the population of republics, autonomous oblast and autonomous districts)(руски)
  3. Wurm, S; Unesco. (2001). Atlas of the world's languages in danger of disappearing. Paris: Unesco Pub. ISBN 9789231037986.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]