Бурјатски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бурјатски јазик
буряад хэлэн buryaad khelen
Застапен во Русија (Бурјатија), Монголија, Кина
Народ Бурјати, Баргански Монголци
Говорници (330,000 во 1982–2010 г.)e17
Јазично семејство
монголски
  • централни
    • бурјатски јазик
Писмо кирилица (бурјатска азбука), монголско писмо, вагиндра
Статус
Службен во Бурјатија, Русија
Јазични кодови
ISO 639-2 bua
ISO 639-3 bua — опсежен код
Поединечни кодови:
bxu — кинески бурјатски
bxm — монголски бурјатски
bxr — руски бурјатски
Linguasphere part of 44-BAA-b

Бурјатскиот (буряад хэлэн buryaad khelen) е монголски јазик кој е мајчин јазик на Бурјатите. Јазикот понекогаш се смета и за дијалект на монголскиот јазик. Повеќето Бурјати живеат во Русија, во Бурјатија, каде е официјален јазик.[1] Во Русија јазикот го зборуваат 353,113 луѓе (според пописот од 2002), а во Монголија и Кина околу 100.000 луѓе.[2] Јазикот се пишува на кирилица во Русија.[3]

Фонологија[уреди | уреди извор]

Во бурјатскиот ги има следниве фонеми /i, ə, e, a, u, ʊ, o, ɔ/ (плус неколку дифтонзи),[4] краткото /e/ се изговара [ɯ], а согласките се /b, g, d, th, m, n, x, l, r/, /s, ʃ, h, j/.[5]

Граматика[уреди | уреди извор]

Бурјатскиот има зборовен редослед подмет-предмет-прирок и има самогласна хармонија. Наместо употреба на предлози, бурјатскиот користи постпозиции. Јазикот има осум падежа: номинатив, акузатив, генитив, инструментал, аблатив, индефинит, комитатив и датив-локатив.[6]

Примери[уреди | уреди извор]

македонски класичен монголски бурјатски
1 еден Nigen Negen
2 два Qoyar Khoyor
3 три Ghurban Ghurban
4 четири Dörben Dürben
5 пет Tabun Taban
6 шест Jirghughan Zurghaan
7 седум Dologhan Doloon
8 осум Naiman Nayman
9 девет Yisun Yühen
10 десет Arban Arban

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Skribnik 2003: 102, 105
  2. Skribnik 2003: 102
  3. Skribnik 2003: 105
  4. Poppe 1960: 8
  5. Svantesson et al. 2005ː 146; the status of [ŋ] is problematic, see Skribnik 2003: 107. In Poppe 1960's description, places of vowel articulation are somewhat more fronted.
  6. „Overview of the Buriat Language“. Learn the Buriat Language & Culture. Transparent Language. http://www.transparent.com/learn-buriat/overview.html. посет. 4 ноември 2011 г. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Poppe, Nicholas (1960): Buriat grammar. Uralic and Altaic series (No. 2). Bloomington: Indiana University.
  • Skribnik, Elena (2003): Buryat. In: Juha Janhunen (ed.): The Mongolic languages. London: Routledge: 102-128.
  • Svantesson, Jan-Olof, Anna Tsendina, Anastasia Karlsson, Vivan Franzén (2005): The Phonology of Mongolian. New York: Oxford University Press.
  • Walker, Rachel (1997): Mongolian stress, licensing, and factorial typology. (Online on the Rutgers Optimality Archive website: roa.rutgers.edu/view.php3?id=184.)

Дополнителни информации[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]