Прамонголски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Прамонголскиот е хипотетичен предок на современите монголски јазици. Овој јазик е сличен со средномонголскиот јазик, односно јазикот кој се зборувал од Џингис Хан и Монголската Империја. Повеќето карактеристики на современите монголски јазици може да бидат реконструирани од средномонголскиот. Ова не важи за наставката од типот -caga- 'прави заедно', која не може да се пронајде во средномонголскиот.

Јазиците на народите Донгху, Вихуан и Сијанбеј можеби се поврзани со прамонголскиот,[1] како и јазиците на Туоба и Кидајците.Само за кидајскиот има цврсти докази за ваквата претпоставка, иако сè уште треба да се дешифрираат одредени текстови.[2]

Примери[уреди | уреди извор]

Броеви[3]
1 *nikēn
2 *koxar
3 *gurbān
4 *dörbēn
5 *tabūn
6 *jirguxān
7 *doluxān
8 *na(y)imān
9 *yersǖn
10 *xarbān
20 *korīn
30 *gucīn
40 *döcīn
50 *tabīn
60 *jirān
70 *dalān
80 *nayān
90 *yerēn
100 *minggān

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Andrews (1999:72), "[...] believed that at least some of their constituent tribes spoke a Mongolian language, though there is still some argument that a particular variety of Turkic may have been spoken among them."
  2. Janhunen (2003b:391–394); Janhunen (2003a:1–3)
  3. Janhunen (2003a:16–17)

Литература[уреди | уреди извор]