Дунсијански јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дунсијански јазик
Santa
Застапен воКина
Подрачјепокраина Гансу[1]
Говорници200,000 (2007 г.)  
Јазично семејство
монголски
  • широнголски
    • дунсијански јазик
Писмоарапско писмо, латиница
Јазични кодови
ISO 639-3sce

Дунсијанскиот, исто така познат како санта (东乡语), е монголски јазик кој се зборува во Кина, во покраината Гансу, од народот Дунсијани.

Фонологија[уреди | уреди извор]

Јазикот нема самогласна хармонија ниту пак должина на самогласки.

Граматика[уреди | уреди извор]

Заедничко со останатите монголски јазици е тоа што дунсијанскиот има зборовен редослед од подмет-предмет-прирок. Се забележува и промена на зборовниот редослед во подмет-прирок-предмет како влијание од кинескиот.[2]

Писмо[уреди | уреди извор]

Познавањето на арапскиот јазик меѓу народот е застапено на повисоко ниво и поради тоа често тие користат арапско писмо и за својот јазик. Официјално писмо за јазикот е латиницата, кое се базира на латиницата која се користи за монгорскиот јазик, но сепак е во експериментална фаза.[3]

Примери[уреди | уреди извор]

македонски класичен монголски дунсијански
1 еден Nigen Niy
2 два Qoyar Ghua
3 три Ghurban Ghuran
4 четири Dorben Jierang
5 пет Tabun Tawun
6 шест Jirghughan Jirghun
7 седум Dologhan Dolon
8 осум Naiman Naiman
9 девет Yisun Yysun
10 десет Arban Haron

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bao 2006
  2. Bao 2006, 1.1: 东乡语的语序特点
  3. Kim 2003, стр. 348

Литература[уреди | уреди извор]

Дополнителни информации[уреди | уреди извор]

  • Field, Kenneth Lynn (1997), A grammatical overview of Santa Mongolian, PhD dissertation, University of California, Santa Barbara 
  • 马国忠/Ma Guozhong (2001), 东乡语汉语词典/Dongxiang-Chinese Dictionary, Lanzhou: 甘肃民族出版社/Gansu Nationalities Publishing House, ISBN 7-5421-0767-4 
  • Üjiyediin Chuluu (Chaolu Wu) (November, 1994). „Introduction, Grammar, and Sample Sentences for Dongxiang“ (PDF). SINO-PLATONIC PAPERS. Department of East Asian Languages and Civilizations, University of Pennsylvania, Philadelphia, PA 19104-6305 USA. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]