Ирак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Република Ирак
جمهورية العراق
Jumhūriyat Al-ʿIrāq (арапски)
كۆماری عێراق
Komara Iraqê[1] Неважечки јазичен код.
Знаме Грб
Геслоالله أكبر   (арапски)
"Allahu Akbar"  (транслитерација)
"Господ е најголем"
ХимнаMawtini  (нов)
Ardh Alforatain (претходен)
Главен градБагдад
33°20′N 44°26′E / 33.333° СГШ; 44.433° ИГД / 33.333; 44.433
Најголем град главниот град
Службен јазик арапски, курдски
Демоним ирачанец
Уредување федерална парламентарна република
 •  Претседател Фуад Масум
 •  Премиер Хајдер ал Абади
Независност
 •  од Отоманска Империја 1 октомври 1919 
 •  од Обединетото Кралство 3 октомври 1932 
Површина
 •  Вкупна 438.317 км2 (58-ма)
 •  Вода (%) 1.1
Население
 •  проценка за 2009 г. 31,234,000[2] (39-та)
 •  Густина 66 жит/км2 (125-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 •  Вкупен $114.151 милијарди[2] 
 •  По жител $3,655[2] 
БДП (номинален) проценка за 2009 г.
 •  Вкупно $68.553 милијарди[2] 
 •  По жител $2,195[2] 
Валута Ирачки динар (IQD)
Часовен појас GMT+3 (UTC+3)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .iq
Повик. бр. 964
4. CIA World Factbook

Ирак е држава во Западна Азија, односно на Блискиот Исток. Се граничи со Кувајт и Саудиска Арабија на југ, со Јордан на запад, со Сирија на северозапад, со Турција на север и со Иран на исток. Главен град е Багдад. Независна држава е од 1932 година, а беше монархија сè до 1958 година.

Населението на Ирак е етнички и верски хетерогено, иако исламот е најзастапена религија со 95%. Трите доминантни заедници се: Арапите шиити (околу 60% од населението), Арапите сунити (околу 20%) и Курдите (околу 15%).

По воената интервенција на САД врз Ирак од 2003 година соборен е дотогашниот режим на Садам Хусеин и Ирак од април 2003 до јули 2004 се наоѓаше под окупација на САД, Британија и нивните сојузници. На 28 јули 2004 власта ѝ е предадена на Привремената влада, иако странските сили продолжија да бидат присутни во земјата и ја имаа вистинската власт до 2011 година. Против окупацијата на западните сили предводени од САД активно се бореше одреден дел од населението на Ирак, а и по повлекувањето на западните сили предводени од САД продолжи бунтот против централната власт.

Ирак е земја која поседува големи резерви на нафта.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Арапското име العراق (al-ʿIrāq) е во употреба за државата уште од 6 век. Денес постојат неколку тези за потеклото на името. Според една теза, името е поврзано со сумерскиот град Урук.[3][4] Според професорот Вилхелм Ејлерс, името Ирак во арапскиот јазик е преземено од персискиот збор erāq и значи „низина“.[5]

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Ирак.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Ирак.
Карта на Ирак.

Ирак се наоѓа во Блискиот Исток и со 437.072 километри квадратни Ирак е 58 најголема држава во светот. На север Ирак се граничи со Турција, на запад со Сирија, Јордан и Саудиска Арабија, на југ со Кувајт и Саудиска Арабија, а на запад се граничи со Иран. На југозапад државата изглегува на Персискиот Залив. Ирак е втора земја во светот по резерви на нафта, веднаш за Саудиска Арабија.[6]

Ирак е составен воглавно од пустина, но во близина на реките Тигар и Еуфрат има плодна почва погодна за земјоделство и сточарство. Северниот дел од државата воглавно е составен од планини, каде највисокиот врв има 3.611 метри, кој на картите нема име а локално се нарекува Чека Дар. На југ Ирак има мал брег кој има само 58 километри. Покрај брегот имало мочурливи површини, но истите биле исушени во 1990-те.

Климата во Ирак е пустинска, со сушни и ладни зими и суви, топли лета. Северниот дел има понекогаш нешто поладни периоди кога има и снег.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Ирак.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Карта на покраините во Ирак

Ирак е поделен на 19 покраини (арапски: محافظات, „мухафази“). Покраините потоа се делат на окрузи (кади), а тие пак, на подокрузи.

Ирачки Курдистан[уреди | уреди извор]

Ирак од 2005 г. ја признава автономијата на регионот Ирачки Курдистан (Јужен Курдистан), чие подрачје навлегува во покраините Ербил, Дохук, Сулејманија и Халаџба. Непосредната власт врз извесни делови од регионот е сè уште предмет на спор помеѓу овие две управи.

Економија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Ирак.

Во економијата на Ирак доминира нафтениот сектор, кој традиционално придонесува околу 95% девизна заработка на Ирак. Недостатокот од развој на другите сектори резултирал со стапка на 18-30% невработеност. Вработеноста во јавниот сектор сочинува вкупно 60% од сите вработени на полно работно време во 2011 година. Нафтената индустрија, која доминира со ирачката економија, вработува релативно мал број на работници. Пред окупацијата од страна на Америка, во Ирак бил застапен системот на централно планирање на економијата со забрана на странска сопственост над ирачките економски субјекти. Во еден таков економски систем, поголемиот дел на индустриските претпријатија бил во сопственост на државата, а на оние кои биле за странска употреба им биле наменети високи тарифи.

И покрај тоа што залихите на нафта имаат огромно светско значење, Ирак е една од најсиромашните држави на блискиот исток. Причини за повеќегодишната криза и сиромаштија се војните штети од ирачко-иранската војна 1980–88 (околу 35 милијарди американски долари), штетата од војната со САД и со нивните сојузници по ирачката окупација на Кувајт во 1991 година (околу 60 милијарди американски долари), како и штети од останати санкции.

Главни земјоделски производи се оризот, ’рж, пченица, домат и памук. Во сточарството во најголема мера се одгледуваат овци и живина.

Најголемиот дел од производите се во државна сопственост. Во 2001 година вредноста на извозот била 15 милијарди американски долари, а вредноста на увозот околу 12 милијарди американски долари. Главни трговски партнери на Ирак се Русија, Франција, Египет и Кина.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Ирак.

Јазик[уреди | уреди извор]

Официјални јазици во оваа држава се арапскиот и курдскиот јазик. Околу 75% од населението го зборува арапскиот јазик, додека пак курдскиот јазик го зборуваат само 20%. Во употреба се уште и туркменскиот јазик (дијалект на турскиот јазик), асирскиот и ерменскиот јазик. Исто така од западните јазици најмногу се зборува англискиот јазик. Курдскиот јазик најмногу се зборува на северот на земјата. Ерменскиот јазик најмногу се зборува од останатиот дел на хрисијанското население.

Арамејскиот јазик и јужен азери јазик, се регионални јазици. Ерменскиот и персијскиот јазик се застапени, но во споредба со другите јазици во помала мера. Поголемиот дел од ирачките курди ги зборуваат и курдскиот и арапскиот јазик. Туркмените го зборуваат азери јазикот, асирците зборуваат на различни ерменски дијалекти. Според уставот на Ирак сите граѓани имаат право на образование на мајчин јазик.

Верници во Ирак
Муслимани
  
91,2 %
Језиди
  
2,0 %
Католици
  
3,0 %
Други
  
3,8 %

Култура[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ирачка култура.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име articles1.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Iraq“. International Monetary Fund. конс. 2009-04-27. 
  3. „Online Etymology Dictionary“. Etymonline.com. 1979-12-10. конс. 2009-03-23. 
  4. John A. Halloran, Sumerian Lexicon, v.3.0 (2000)
  5. W. Eilers (1983), "Iran and Mesopotamia" in E. Yarshater, The Cambridge History of Iran, vol. 3, Cambridge: Cambridge University Press
  6. „US Department of Energy Information Administration“. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]