Македонски Брод

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонски Брод
Панорама на Македонски Брод

Панорама на Македонски Брод
Знаме на Македонски Брод
Грб на Македонски Брод
Mестоположба
Mестоположба на Македонски Брод
Македонски Брод на картата на Р.Македонија

Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Македонски Брод
Поштенски бр.: 6530
Повикувачки бр.: (+389) 045
Автомобилска ознака: MB
Портал: makedonskibrod.gov.mk
Историја
Управа
Земја: Flag of Macedonia.svg Македонија
Регион: Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен регион
Општина: Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Општина Македонски Брод
Градоначалник: Милосим Војнески
Географија
Надм. височ.: 585 м
Население
Население: 3.740
Образование:
Етнички групи: Македонци.

Македонски Брод (брод - прегазлив дел од река) — гратче во западниот дел на Македонија. Се наоѓа во горниот тек на реката Треска и претставува средиште на областа Поречје. Од Кичево е оддалечен 27 км во источен правец, а во северозападен правец на 37 км е оддалечен од Прилеп. Главен проблем претставува патното поврзување со Скопје, бидејќи со изградбата на браната Козјак бил уништен дел од директниот патен правец, па сега за да се стигне до Скопје треба да се поминат околу 150 км преку Кичево, Гостивар и Тетово.

Македонски Брод е еден од помалите градови во Македонија. Тој се наоѓа во Поречката област и претставува нејзин центар. Градот лежи на бреговите на горното сливно подрачје на реката Треска. Оттаму произлегло и неговото име Брод.

На местото на денешниот град, над водите на Треска постоел еден мост што ги поврзувал градовите Прилеп и Кичево. Мостот меѓу народот бил познат под името Брод.

Историја[уреди | уреди извор]

Според еден надгробен споменик пронајден во селото Крапа, утврдено е дека просторот бил населен со Римјани.

Подоцна, со доаѓањето на Словените, во овој крај се доселило словенското племе Берзити, односно Брсјаци.

Македонски Брод е стара населба. Прв пат се споменува во една повелба на кралот Стефан Урош II Милутин од 1300 година. Стариот дел на населбата се наоѓал на левиот брег на реката Треска.

Во околината на Брод, во близина на селото Девич, видливи се остатоци од градби што ја потврдуваат претпоставката дека на тој простор, во средниот век, постоела населба која функционирала како центар на целата област. Таму се издигаат Девините Кули кои се изградени во близина на пештерата Пешна, каде пак се наоѓаат остатоци од ѕидините на градот, кој, според преданието, го изградила младата девојка Пешна, сестра на јунакот Крале Марко.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Споменик на паднатите борци од НОБ во Македонски Брод

Од стопанските дејности населението главно се занимава со земјоделство и сточарство. Во градот има неколку индустриски погони меѓу кои најзначано е тутунското претпријатие. Со затворањето на фабриката за изработка на железни монети и огнено оружје „Сувенир“ во селото Самоков (поранешен општински центар) прекина работниот однос на голем дел од граѓаните на Македонски Брод кои беа вработени таму.

Општина[уреди | уреди извор]

Македонски Брод е центар на истоимената Општина Македонски Брод, општина во западниот дел на Република Македонија.

Територијата на општината се наоѓа под влијаније на умерено-континентална клима, кој се одликува со ладни и врнежливи зими, суви и топли лета. На високите планини е изразена планинска клима со кратки и ладни лета и долги и снежни зими. Најтопол месец со средна просечна месечна температура е јули со 25˚C. Најстуден месец со средна просечна месечна температура е декември со -15 до 3˚C. Екстремни температура се движат од 41˚C во август до -27˚C во јануари.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[1]
Археолошки локалитети[2]
  • Грамада - некропола од доцноантичко време;
  • Кале - градиште од доцноантичко време;
  • Кула - населба и кастел од средниот век;
  • Рајчица - базилика и некропола од старо христијанско време и ран среден век;

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година во градот Македонски Брод живееле 3.740 жители. Македонски Брод бележи благ, но постојан пораст на своето население, кое покрај раѓањето, највеќе се должи на доселувањето на луѓе од селата во Поречието.

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 3.740 жители и спаѓал во групата на мали градови.[3] Етнички гледано, населението е составено од:[4]

Етнички групи[4]
Македонци
  
99,60%
Срби
  
0.24%
Роми
  
0.08%
Бошњаци
  
0.03%
други
  
0.05%
народ вкупен број % од вкупното население
Македонци 3.725 99,60
Роми 3 0,08
Срби 9 0,24
Бошњаци 1 0,03
други 2 0,05
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[4]:

Јазици[4]
македонски
  
99,73%
српски
  
0.11%
други
  
0.11%
ромски
  
0.05%
јазик вкупен број % од вкупното население
македонски 3.730 99,73
ромски 2 0,05
српски 4 0,11
други 4 0,11
Вероисповед

Во Македонски Брод се застапени следните религиски групи[4]:

Религија[4]
Православие
  
99,76%
други
  
0.16%
Католицизам
  
0.05%
Ислам
  
0,03%
религија вкупен број % од вкупното население
Православни 3.731 99,76
Муслимани 1 0,03
Католици 2 0,05
други 6 0,16

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Македонски Брод:

Население во минатото
Година Нас. ±%
1948 567 —    
1953 628 +10.8%
1961 947 +50.8%
1971 1.219 +28.7%
1981 1.961 +60.9%
1991 3.277 +67.1%
1994 3.358 +2.5%
2002 3.740 +11.4%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 567
1953 613 1 5 0 0 3 6 628
1961 931 4 0 4 8 947
1971 1.155 1 0 0 18 45 1.219
1981 1.926 0 0 10 0 9 16 1.961
1991 3.256 0 0 0 0 8 13 3.277
1994 3.343 0 0 0 0 6 9 3.358
2002 3.725 0 0 3 0 9 1 2 3.740

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (II доп. издание). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7. http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/567_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B3%D0%B5%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0,%202016.pdf. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf. конс. 5 јули 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]