Битово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битово
Bitovo-MK.JPG

Панорамски поглед на селото Битово

Битово is located in Македонија
Битово
Местоположба на Битово во Македонија
Координати 41°44′44″N 21°4′50″E / 41.74556° N; 21.08056° E / 41.74556; 21.08056Координати: 41°44′44″N 21°4′50″E / 41.74556° N; 21.08056° E / 41.74556; 21.08056
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 63[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03004
Надм. вис. 1.180 м
Слава Петровден
Битово на општинската карта
Битово во Општина Македонски Брод.svg

Атарот на Битово во рамките на општината
Commons-logo.svg Битово на Ризницата


Битово — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е споменато како „Битом“ во 1296 година. Од личното име „Бит-“, кое потекнува од старословенскиот „сам да бидам“ или пак од личното име „Битомир“.[2]

Според народното предание, името доаѓа од местото на основачите на селото, кои биле од Битола.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото од патот кој води до него

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Гостивар. Селото се наоѓа во изворишниот дел на Мала Река, лева притока на Треска.[4] Селото е планинско, на надморска височина од 1.180 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 47 километри.[4]

Селото е сместено на левата страна на помала река, десна притока на Мала Река. Куќите во најголем дел се сместени на терасеста рамнина. Селото е свртено кон југ. Нивите се наоѓаат околу селото, додека шума има над селото.[3]

Куќите се прилично разредени и издвоени во поединечни маала, наречени по родовите по кои се наречени.[3]

До Битово води асфалтен пат, кој продолжува од поранешното општинско средиште Самоков, поминувајќи кај селото Растеш.

Историја[уреди | уреди извор]

Во селскиот атар на месностите Лескоица и Петроица има црквишта и гробишта.[3]

Народното предание наведува дека први во селото се населиле Ќуќуревци, кои дошле како овчари за да ја напасуваат стоката и на крај тука одлучиле да се населат.[3]

Во XIX век, Битово било село во Поречката нахија, на Кичевската каза, во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е зафаќа површина од 13 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 879,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 244,3 хектари, а на обработливото земјиште 131,9 хектари.[4]

Селото има мешовита земјоделска функција.[4]

Во минатото на месноста Србиница се копала железна руда.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Битово имало 200 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Битово имало 200 жители.[6]

Битово е зафатено со раселување, така што тоа преминало од средно во мало село по големина. Во 1961 година, селото броело 314 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 85 жители, македонско население.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Битово имало 63 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 200 200 288 316 314 305 216 108 85 63
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Битово е македонско православно село.[3]

Родови во селото се: Ќуќуревци (7 к.), доселени се од Битола, основачи на селото се, затоа што дошле од Битола по тоа го добило името селото; Олиовци (9 к.), доселени се од Баница, Полошко (Гостиварско); Калимановци (6 к.), доселени се од Камењане, Полошко; Дуковци (12 к.), доселени се од Куманово и Ивановци (4 к.) и тие се доселени од истото место како и Дуковци.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Никола“, сместена на сретселото

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Растеш, во која покрај селото Битово се наоѓале селата Близанско, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Здуње, Косово, Растеш и Требовље. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Растеш, во која влегувале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Косово и Растеш.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0252 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селскиот дом.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 42 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 40 гласачи.[12]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 38 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[14]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Слави[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 септември 2017.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 54–55.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 329.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 29. Посетено на 20 септември 2017.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
  11. „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 5 мај 2019.
  13. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 14 март 2021.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]