Порече низ историјата
| Автор | Милан Ристески |
|---|---|
| Изработувач на корицата | Ласко Џуровски |
| Земја | Македонија |
| Јазик | македонски |
| Издавач | НИО Студентски збор Скопје |
Издадена | 1982 |
| Страници | 299 |
„Порече низ историјата“ ― книга на автoрот Милан Ристески, плод на неговото архивско и етнолошко истражување во периодот од 1962 - 1975 година. При пишувањето на хрониката, била користена изворна мемоарска граѓа, разни списи од Архивот на Македонија и од Архивот на Прилеп како и разни написи публикувани во весници, списанија и посебни изданија на книги од разни автори.
Првиот дел ја опфаќа географската положба на Порече и населените места, најповеќе во периодот од пред Илинденското востание до 1912 година.
Вториот дел ги опфаќа позначајните настани од 1912 - 1941 година, особено Балканските војни и Првата светска војна.
Третиот дел го опфаќа периодот на Народноослободителната борба од 1941-1945 година.
Издавањето на книгата е потпомогнато од членовите на општествено-политичките органи и организации од територија на Општина Македонски Брод, Сојузот на борците, Собранието на Општина Македонски Брод, Конференцијата на СКЈ и др.
Директор: Насте Стојкоски
Уредник: Мире Арсениевски
Лектура: Василка Бисеркоска
Коректура: Лазо Ристески
Технички уредник: Владо Богески
Нацрт на корица: Ласко Џуровски