Грешница (Порече)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грешница
Село Грешница, Порече.jpg

Поглед на влезот во селото и главната селска црква „Св. Петка“

Грешница is located in Македонија
Грешница
Местоположба на Грешница во Македонија
Координати 41°33′42″N 21°11′25″E / 41.56167° СГШ; 21.19028° ИГД / 41.56167; 21.19028Координати: 41°33′42″N 21°11′25″E / 41.56167° СГШ; 21.19028° ИГД / 41.56167; 21.19028
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 27[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Надм. вис. 680 м
Грешница на општинската карта
Грешница во Општина Македонски Брод.svg

Атарот на Грешница во рамките на општината
Commons-logo.svg Грешница на Ризницата


Грешница — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 680 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 11 километри.[2]

Атарот е мошне голем и зафаќа површина од 22,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.675,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 198,8 хектари, а на обработливото земјиште 127,3 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) под името Градешнича со 60 семејства и 8 неженет и 3 вдовици, сите христијани.[3]

Во XIX век, Грешница било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква „Св. Петка“

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Грешница имало 450 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Грешница имало 400 жители.[5]

Грешница е мала населба доведена во фаза на раселување. Во 1961 година селото броело 229 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 39 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Грешница имало 27 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 450 400 298 312 229 158 105 73 39 27
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Грешница е чисто македонско православно село,сите родови во селото се доселенички.Најпрво во селото имало само 4 куќи,но потоа се проширило.[9]

Родови во селото се; Поповци (13 к.) доселени се од околината на Ниш. Ова е стар свештенички род, преку 300 години. Овој род порано го опслужувало цело Порече. Неколку свештеници од овој род ги убиле Турците (Димитрија, Блаже, Димитрија); Данковци-Камендоловци (24 к.) доселени се од селото Камен дол, кавадаречко; Кадијовци-Марковци (21 к.) доселени се од селото Кадино Село; Пашовци (1 к.) стар род, кој не се размножувал, доселеници со непозната старина; Грдановци (2 к.) доселени се од селото Требино; Василевци (2 к.) доселени се од раселеното село Барбарос; Бурџиевци (1 к.) доселени се од охридско; Алабаковци (1 к.) исто така доселени се од охридско, од охридско најпрво се населиле во Девич, па од таму дошле во Грешница, со Бурџиевци потекнуваат од заеднички предок, некој предок од овој род некое време живеел и во Скопје, таму бил познат како Мутавџиовци; Кокевци (1 к:) доселени се однекаде; Теиловци (1 к.) доселени се од Црешнево; Мојсовци (1 к.) доселени се од Македонски Брод, а во Македонски Брод од Староец, Кичевско.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Грешница се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суво Дол и Требино.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0237 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 17 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 15 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 29 септември 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 87. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 29 септември 2017 г. 
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.240
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 313-314. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 16 октомври 2017. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 16 октомври 2017. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]