Црешнево (Порече)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црешнево
Поглед на Црешнево.jpg

Сретселото на селото

Црешнево is located in Македонија
Црешнево
Местоположба на Црешнево во Македонија
Координати 41°38′43″N 21°17′3″E / 41.64528° СГШ; 21.28417° ИГД / 41.64528; 21.28417Координати: 41°38′43″N 21°17′3″E / 41.64528° СГШ; 21.28417° ИГД / 41.64528; 21.28417
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 169[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6533
Повик. бр. 045
Надм. вис. 850 м
Commons-logo.svg Црешнево на Ризницата


Црешнево — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на сретселото

Селото се наоѓа во областа Порече, во источниот дел од Општина Македонски Брод, чиј голем атар високо се издига на планината Даутица, каде што се допира со подрачјето на Општина Чашка.[2] Селото е ридско-планинско, на надморска височина од 850 метри.[2]

Атарот е мошне голем и зазема површина од 56,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 3.689 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 1.340 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 301 хектар.[2]

На исток, од долината на Беличка Река го одделува многу длабок и стрмен дол, на запад се издигнува рид, а кон југ и север е отворено кон закосен и порамен терен од подножјето на Даутица.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 60 семејства, 5 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[3]

Во XIX век, Црешнево било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски се наоѓало во Порече.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Црешнево имало 505 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Црешнево имало 640 жители.[5]

Црешнево во 1961 година имало 579 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 230 жители, од кои 228 биле Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Црешнево имало 169 жители, од кои 168 Македонци и 1 Србин.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 505 640 522 604 579 483 358 267 231 169
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Црешнево е македонско православно село, во селото има многу староседелски родови, како и нешто доселенички. Родови во Црешнево се: Душевци (10 к.), Ѓорговци (10 к.), Петковци (6 к.), Милошовци (5 к.), Савевци (5 к.), Сокревци (4 к.), Пурчевци (3 к.), Џаровци (5 к.), сите овие родови се староседелски; Десовци (7 к.), доселени се од селото Модриште, каде имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од околината на Скадар; Ѓоревци (5 к.), доселени се од селото Блаце, Охридско (?); Џолевци (5 к.), доселени се од селото Горно Крушје, таму имаат роднини, подалечно потекло имаат од некое село во Косово и Поповци (3 к.), доселени се од селото Осој, Кичевско.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец, Модриште и Црешнево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Црешнево се наоѓале селата Белица, Брезница, Вир, Калуѓерец, Могилец, Модриште, Локвица и Тажево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0240 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[11]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 117 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки локалитети[13]
  • Камен Дол — населба и некропола од доцноантичко време;
  • Минојца — некропола од римско време; и
  • Брест — населба, црква и некропола од римско време;
Цркви[14]
Споменици
  • Споменик од НОБ

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 20 ноември 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 313. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 20 ноември 2017 г. 
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.243
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 246.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 150-151.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 
  9. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 322-323. 
  10. "ПУ Црешнево". македонски: ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод. конс. 20 ноември 2017. 
  11. "Описи на ИМ". конс. 16 октомври 2017. 
  12. "Локални избори 2017". конс. 16 октомври 2017. 
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]