Рамне (Порече)

Координати: 41°40′46″N 21°10′27″E / 41.67944° СГШ; 21.17417° ИГД / 41.67944; 21.17417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рамне

Поглед на селото

Рамне во рамките на Македонија
Рамне
Местоположба на Рамне во Македонија
Рамне на карта

Карта

Координати 41°40′46″N 21°10′27″E / 41.67944° СГШ; 21.17417° ИГД / 41.67944; 21.17417
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03037
Надм. вис. 800 м
Слава Света Петка Трновска
Рамне на општинската карта

Атарот на Рамне во рамките на општината
Рамне на Ризницата

Рамне — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Селото најпрвин запишано како Равни се сретнува во турски документи од XVI век. Се верува дека самото име означува „село“.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира до текот на реката Треска, од нејзината лева страна.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри.[3]

Селото е сместено на широка површина засечена од Лева Река. Куќите се сместени во плитка долина, додека нивите се наоѓаат во долините на Мала Река и на Треска, а шумата се наоѓа северно од селото.[4]

Куќите се поделени на три маала: Горно, Долно и Влаовци (Оџовци).[4]

До селото води земјен пат, кој започнува од поранешното општинско седиште Самоков.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото Рамне по преданието порано не било населено, туку имало некое друго село во атарот на местото Зелениково и Дреново. Тоа село пропаднало и потоа настанало Рамне. Таму се наоѓало и некоја кула. Подоцна, тоа село, при зулуми било целосно уништено.[4]

Денешното село е основано со доселување на првите родови.[4]

Во XIX век, Рамне било село во Поречката нахија, на Кичевската каза, во Отоманското Царство. За време на отоманскиот период, селото било условено да дава данок во вид на млеко на дебарските Турци.[4]

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Пат низ селото

Атарот зафаќа простор од 19 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.132 хектари, на пасиштата отпаѓаат 103 хектари, а на обработливото земјиште 188 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948352—    
1953378+7.4%
1961380+0.5%
1971325−14.5%
1981168−48.3%
ГодинаНас.±%
199195−43.5%
199460−36.8%
200231−48.3%
20212−93.5%

Според податоците од 1873 година, селото имало 22 домаќинства со 60 жители христијани (Македонци).[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рамне имало 170 жители.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рамне имало 240 жители.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рамне се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]

Рамне преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 380, а во 1994 година 60 жители.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Рамне живеел 31 жител, сите Македонци.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 170 258 352 378 380 325 168 95 60 31 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови[уреди | уреди извор]

Рамне е македонско православно село.[4]

Според истражувањата на Петар Јовановиќ во 1930-тите години родови во селото се: Стојовци (17 к.), доселени се од Закамен пред повеќе од 200 години; Степановци (26 к.), исто така, доселени од Закамен, според народното предание некогаш живееле во раселеното село кое постоело на местото Зелениково и Дреново, но кога пропаднало тоа, отишле во Закамен, па се повратиле и Влаовци (2 к.), потекнуваат од предок Влав, кој дошол како домазет однекаде пред 200 и повеќе години.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Рамне се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Самоков, Старо Село и Сушица. Општината Самоков постоела и во периодот 1950-1952 година, во која влегувале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селската црква „Св. Петка“

Во селото постои избирачкото место бр. 0256 според Државната изборна комисија, сместено во селската трпезарија.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[18]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[20]

Личности[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Слави
Велосипедски настани
  • Низ селото поминува големата рута на велосипедскиот настан Велоче низ Порече кое е прва попатна станица.[22]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 136. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 254. Посетено на 10 март 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 333.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 94-95.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 март 2021.
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 10 март 2021.
  17. „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  19. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 10 март 2021.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. 21,0 21,1 21,2 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  22. „Дводневен вело настан „ ВелоЧе низ ПореЧе" на 18 и 19 мај“. ИНФО КОМПАС. Посетено на 2021-03-10.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]