Закамен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Закамен — место кое често се споменува во народните преданија како место или град од каде потекнуваат повеќе родови во селата од западниот дел на Македонија, за кој се верува дека постоел до пред неколку века, но не постојат сознанија за точната местоположба на овој град.

Во книгата Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, на стр. 20, авторот повикувајќи се на српскиот етнографски зборник LI, „Порече, насеље и порекло становиштва“, книга 28, од 1935 година од д-р Петар С. Јовановиќ, наведува дека во Поречието се доселувале луѓе од разни места на Македонија, бидејќи тука им бил посигурен животот, особено по доаѓањето на Турците на балканот, така:

  • Семејството Чукалевци во селото Тополница се доселила од Закамен, Дебарско.
  • Семејствата Алузиновци, Бурадовци и Коричановци во селото Томино Село се доселени од Закамен, Охридско.
  • Семејствата Коачевсци, Атулевци и Петковци во селото Сушица, се доселени од Закамен, Дебарско.
  • Семејствата Врчакоски, Нешковци и Ѓаковци во селото Зркле, се доделени од Закамен, Албанија.
  • Семејствата Милевци, Баклашевци, Дурмишовци и Јандревци во селото Бенче, се доселени од Закамен, Дебарско.
  • Семејствата Мрцевци и Груѓановци во селото Звечан, се доселени од Закамен, Дебарско.

На некои интернет форуми се пренесени овие народни преданија кои може да претставуваат трага во расветлувањето на оваа мистерија.[1][2][3][4]

Родови со потекло од Закамен[уреди | уреди извор]

Во Западна Македонија многу родови за свое место на старина го знаат Закамен, повеќето родови веруваат дека Закамен се наоѓа во Македонија, поточно во Охридско или Дебарско, но еден мал дел верува дека Закамен се наоѓа во Албанија. Следните родови водат потекло од Закамен.[5][6][7]

  • Во Ботун се родовите Мацевци (14 к.), Ничевци (7 к.), Јордановци (6 к.) и Гроздановци (4 к.) доселени се во Ботун околу 1830 г. Го знаат следното родословие: Климе (жив на 46 г. во 1980) Анѓеле-Јордан-Смилко од Закамен се доселил таткото на Смилко.
  • Во Долно Средоречие е родот Ботунци или Мацевци (5 к.) од Закамен најпрво се населиле во Ботун, а од таму дошле во Долно Средоречие. Во Ботун им се род Мацевци.
  • Во Слатино е родот Црвенковци (2 к.) од Закамен се доселил нивниот предок Јон.
  • Во Мраморец се родовите Матевци (8 к.) и Пејовци (6 к.)
  • Во Козичино е родот Шилеговци или Таневци (13 к.)
  • Во Дупјани е родот Чурчиовци (6 к.)
  • Во Крушица е родот Здравевци (4 к.)
  • Во Челопеци е родот Радичовци (4 к.) кои во 30-тите на XIX век се доселиле од Закамен. Го знаат следното родословие: Аце (жив на 35 г. во 1961) Мито-Сиљан-Никола-Радич основачот на родот кој дошол од Закамен.
  • Во Бигор Доленци е родот Карановци (8 к.), овој род денес е познат под името Петревци.
  • Во Туин е родот Грујовци (9 к.) кои во Туин од Закамен се населиле кон крајот на ХVIII век, го знаат следното родословие: Ставро (жив на 71 г. во 1961) Димо-Петре-Стојан-Јован-Петко основачот на родот кој дошол со неговиот брат од Закамен. Братот на Петко се преселил во Соње, и мислат дека нивните роднини таму се познати како Грујовци.
  • Во Јагол е родот Јанковци (4 к.)
  • Во Кнежино се родовите Пиљаовци (8 к.) и Шендевци (5 к.)
  • Во Долно Добреноец се родовите Топузовци (6 к.), Слабаковци (5 к.), Крстевци (5.), Мијовци (3 к.), Грујовци (1 к.) и Шорлевци (1 к.) кои од Закамен се доселиле крајот на ХVIII век или почетокот на XIX век.
  • Во Горно Добреноец се родовите Роптевци (11 к.), Шишковци (11 к.), Станојовци (10 к.), Ќосевци (7 к.) Шкоревци (7 к.) и Ќурлоковци (5 к.). Од Закамен се населиле најпрво во Старо Село. Во родот Ќосевци се знае следното родословие: Божин (жив на 65 г. во 1961) Раде-Џеко-Анѓеле-Трајан. Од Закамен се доселил таткото на Трајан.
  • Во Лавчани се родовите Ивановци (12 к.), Јанковци (12 к.), Цајковци (11 к.), Кордовци (10 к.), Шатевци (9 к.), Блажевци (9 к.), Јаневци (6 к.) и Секуловци (5 к.) предците на овие родови во Лавчани се доселиле крајот на ХVIII век. Во родот Секуловци се знае следното родословие: Лазе (жив на 90 г. во 1961) Тасе-Китан-Секула, се доселил неговиот татко кој бил свештеник.
  • Во Подвис е големиот род Каракашовци (22 к.) доселени се од Закамен крајот на ХVIII век, го знаат следното родословие: Цветан(жив на 85 г. во 1961) Никола-Кузма-Ристе, се доселил таткото на Ристе.
  • Во Белица е родот Запатовци (1 к.)
  • Во Велмевци е големиот род Пејцовци (24 к.)
  • Во Големо Илино е родот Карабашовци (4 к.)
  • Во Македонски Брод е родот Милковци (1 к.) кои од Закамен најпрво се населиле во поречкото село Слатина, а потоа прешле во Македонски Брод. Таму им се род Мојсовци.
  • Во Девич е родот Илковци (3 к.) кои од Закамен најпрво се населиле во Крушје, па од таму дошле во Девич.
  • Во Слатина е родот Мојсовци (8 к.) од Закамен побегнале од Чума.
  • Во Долно Крушје се родовите Волкановци (6 к.), Таревци (6 к.) и Малчевци (10 к.)
  • Во Горно Крушје е големиот род Тодевци (22 к.)
  • Во Томино Село се родовите Алузиновци (20 к.), Бурадовци (8 к.) и Коридјановци (6 к.)
  • Во Драгов Дол е родот Станчевци (7 к.) тие од Закамен најпрво се населиле во Рамне, па од таму отишле во Белица, и од Белица се населиле во Драгов Дол.
  • Во Белица се родовите Павлевци (11 к.), Анѓелевци (11 к.), Соколевци (10 к.), Милевци (1 к.) и Димитриовци (7 к.) првите четири рода од Закамен најпрво се населиле во Бенче, па од таму дошле во Белица, а родот Димитриовци најпрво се населил во Рамне, па дошол во Белица, во Рамне им се род Степановци.
  • Во Сушица се родовите Ковачевци (6 к.), Атулевци (13 к.), Петковци (16 к.) и Ѓорговци (6 к.)
  • Во Зркле се родовите Вреќаковци (8 к.), Нечевци (6 к.) и Галковци (9 к.)
  • Во Самоков е родот Лазаровци (3 к.) од Закамен најпрво се населиле во Ковач, а од таму во Самоков
  • Во Ковач е големиот род Лазаровци или Лукаровци (27 к.)
  • Во Бенче се родовите Милевци (7 к.), Баклашевци (10 к.), Дурмишовци (5 к.), Јандриовци (16 к.) и Поповци (16 к.) сите доселени од Закамен, освен две куќи од Поповци.
  • Во Звечан се два големи рода Мрцевци (15 к.) и Грубановци (31 к.)
  • Во Заград е родот Угриновци (3 к.) од Закамен тие најпрво се населиле во Звечан, а од таму дошле во Заград. Во Звечан им се роднини Грубановци.
  • Во Рамне се родовите Стојовци (17 к.) и Степановци (26 к.) доселени се крајот на ХVIII век.

Според народните преданија овие родови знаат дека нивните предци се доселиле од Закамен,но овој број не е конечен затоа што Закаменци може да има и помеѓу родовите со непозната старина, потоа во Железник и Преспа кои досега не се истражувани.[8]

Легенди за постоењето[уреди | уреди извор]

Таму некаде во срцето на Малесија, на еден крак од патот Вија Егнација, легендата вели, постоел град Закамен.

Според кажувањето на жители од селото Збажди населбата наречена град Закамен, постоела некаде пред 250 до 300 години, до крајот на 17. век. Градот бил до темел запален и уништен од турска војска како одмазда за напад и грабеж на товар од карван што пренесувал царско злато. Грабежот го извршила група граѓани од градот водени од попот Мартин .

Занаетчиски и типично услужен град, со разновидни работилници, дуќани и анови подреден на потребите на многубројните карвани, кои секојдневно на самиот крак од патот врвеле, а во Закамен кираџиите од долгиот пат закрепнувале, се одморале, поправале нешта и преспавале. Се верувало дека Закамен имал дури и свое ергеле коњи, а и прифатилиште за изнемоштени и повредени животни. Во Закамен имало и црква. Денес таму можат да се најдат ѕидишта, до црквата вакавско водиче, а велат таму имало и манастир. Сега местото е таму зараснато со дабова шума, одвај да се познаваат камењата и темелите што уште стојат и чекаат....

Во поезијата[уреди | уреди извор]

  • Закамен се спомнува во седмата збирка песни од поетот Јован Котески - „Зелени порти“ издадена 1975 година.[9]
  • Закамен исто така се спомнува во збирката песни "Јуначки споменик - Пјесме о бојевима Црногораца са Турцима (1852-1862)" на црногорскиот војвода Мирко Петровиќ, постар брат на кнезот Данаил, во песната "Бој у Пиви".[10]
  • Закамен се споменува и во народните песни за Марко Крале - цитат во весникот „Нова Македонија“ [11]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982
  • „Легенди за потекло на многу родовски заедници во Поречието“. Статија во „Вечер“ од 19/20 јуни 1999 г.
  • „Монографија за Малесија и с. Збажди“, Милан Цветкоски - Тримо
  • „Порече“, антропогеографско истражување на Петар С. Јовановиќ во 1926 г. издание на САНУ.
  • „Порече, насеље и порекло становиштва“. Српски етнографски зборник LI, книга 28, Београд, 1935. Д-р. Петар С. Јовановиќ
  • „Закамен-вистина или легенда“. Статија во „Нова Македонија“ од 29 април 1993 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Закамен, археолошко наоѓалиште, населба од средниот век, во близина на струшкото село Локов, на околу 7-8 км јужно од селото.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. silence.heavenforum.com, Во 1395 година официјално е заземен градот Охрид од страна на Бајазит I две или три години подоцна е заземен и запален целосно градот Закамен, малку познат во јавноста бидејќи не се вршени конкретни археолошки изтражувања. Откако Турците го опустошиле и опожариле Закамен семејството Глоѓуновци пребегнале во мијачкото село Буринец - денес во областа Малесија.
  2. silence.heavenforum.com Архивирано на 13 април 2010 г., При крајот на XVIII век, отприлика 1796-1799 г. кога турските даночници заедно со војската збирале данок низ селата во Малесија собреле некаде 9 коњи натоварени со злато. Кога го собрале данокот тргнале да одат за Битола преку Вија Егнација. Поп Мартин, одметник од тогашната султанова власт, ајдутин арамбаша, дознал дека Турците го собрале данокот и со својата чета која броела некаде околу 60 мажи ги пресретнале Турците и влегле во голема битка. Турците биле помалубројни од ајдутската дружина и знаејќи дека ќе загинат пратиле еден војник да бега и да стигне во Битола да ги извести властите. Во битката Османлиите биле поразени и убиени сите од еден освен тој кој заминал за Манастир. Поп Мартин и неговата дружина го сокриле златото во некоја пештера, која се претпоставува дека е во близина на Закамен. За една недела во Малесија пристигнал илјаден аскер и Поп Мартин загинал во битка со нив, неговата жена била однесена во Албанија и била потручена а родното место градот Закамен бил срамнет со земја. Златото сѐ уште не е пронајдено, а од градот останата е само калдрмата.
  3. kubura.com.mk[мртва врска], ... според монографијата на Зларе Ѓоршоски кој пак, се повикува на податоците од МАНУ (фонд д-р Бранислав Русиќ), Црвенкоски се доселеници во Македонија. Нивното потекло, според Русиќ е од Албанија. Бегајќи од албанските банди и од засилената исламизација кој крајот на 18 и првата половина од 19 век, тие се доселиле од Закамен, Малесија (Дебрца). Од Албанија, пристигнале со една поголема група подоцна слатински семјства. Во селото од кое денес водат потекло, запишани се во 1878 година. Постарите потомци кажувале дека од Закамен ги предводел нивниот најстар предок Ниче. Тој ги довел до Црвена Вода, а оттаму во Слатино ги довел нивниот предок Јон ...
  4. kicevo.net.mk[мртва врска], ... за село Белица (и можниот град над него) се врзува една претпоставка дека токму тука поминал Св. Климент Охридски на патот за Кутмичевица (Кутмичевица/Куч денеска постои како месност во Албанија, самиот збор „куч“ значи „црвен“ на албански). Наводно основал и некаква школа во тогашниот „град“. Колку е ова точно и за што се работи останува провокативна енигма. Многу настани се случиле оттогаш. За своето потекло, жителите на Белица кажуваат оти се староседелци кои порано живееле во населба која се наоѓала над денешното село („Села“), а имало и доселени семејства од „Закамен“. Поедини семејства се доселувале и од други места. Подоцна сите се измешале. Сите луѓе кои потекнуваат оттука се високи, крупни и руси, во голем дел со сини и зелени очи ...
  5. Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  6. „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-10-12.
  7. Јовановиќ, Петар (1935) ( на српски јазик). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  8. „Pitanje Zakamena“. dokumen.tips (босански). Посетено на 2018-10-12.
  9. jovankoteski.blogspot.com, Во закамен најдов остаток од море: бран на виделина, линија што свена, среде модра брчка од афион в пена, нешто воскреснато што ми сени горе.
  10. www.njegos.org[мртва врска], Бој у Пиви (1861 г.)
  11. 29 април 1993. „Нова Македонија“, Тргнал Марко Крале од Прилепа града, Тргнал Марко на Света Причесна, ќе ми оди во Закамен града, таму има мала калуѓера, калуѓера млада силен јунак ...