Инче
Инче | |
![]() Поглед на селото Инче | |
Координати 41°38′30″N 21°11′4″E / 41.64167° СГШ; 21.18444° ИГДКоординати: 41°38′30″N 21°11′4″E / 41.64167° СГШ; 21.18444° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 30[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6535 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03022 |
Надм. вис. | 820 м |
![]() |
Инче — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, во средното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 820 метри.[2]
Атарот е релативно мал и зафаќа површина од 6,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 564 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат 63 хектари, а на пасиштата само 20 хектари.[2]
До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Инче било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото нема развиена земјоделска функција.[2]
Во Инче се подготвува изградба на поголема сончева електрана на простор од 2,8 ха во вредност од 1 милион евра како инвестиција од германското претпријатие „Мини хидроцентрали“ од Меминген.[3] Истото претпријатие им пројавено интерес за откупување на уште три места околу селото.
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Инче имало 100 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Инче имало 160 жители.[5]
Во однос на бројот на населението, селото не било големо ниту во поранешните пописни години. Во 1961 година броело 158 жители, додека во 1994 година уште помалку, само 45 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Инче имало 30 жители, од кои 29 Македонци и 1 останат.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | 160 | 162 | 157 | 158 | 108 | 72 | 53 | 45 | 30 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Инче е македонско село.
Родови во селото се: по преданието овде постоело село со 50 до 80 куќи, но поради чума и турските зулуми тоа опустело. Од селото останал само еден дечко, кој учел школо во Скопје. Тој во Скопје направил некое злосторство и Турците го затвориле. Долго време лежел во затвор и никој за него не прашувал. Поради тоа Турците го прашале дали има роднини, а тој одговорил дека нема роднини, само познавал некој спахија во Кичево. Турците го викнале тој спахија, и тој го извадил од затворот, го земал со себе и го донел во селото. Дечкото во селото се запопил, и од него потекнува цело село, тоа е: Поповци (19 к.), до основачот на родот има 6 појаси (поп Стаме, Трајан, Стојче, Стане, Столе и Трајан). Според тоа има 200 (денес 283 години) години, од основачот на селото.[9]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Инче се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачко место бр. 0265 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[10]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[13]
- Црква „Св. Талалеј” — главна селска црква
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Инче
- Апостол Д. Апостолоски (1924-1945) — загинат во НОБ.[14]
- Драгутин Мојсоски (1924-1944) — загинат во НОБ.[14]
- Новче Ѓиноски (1908-1944) — загинат во НОБ.[14]
- Радивој Кочоски (1908-1944) — загинат во НОБ.[14]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 октомври 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 137. Посетено на 11 октомври 2017.
- ↑ „Германска компанија ќе гради фотоволтаична централа кај Македонски Брод“. Република. 22 август 2014. Посетено на 7 април 2015. Text " Република Online" ignored (help)
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 325.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)