Звечан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Звечан
Поглед кон село Звечан.jpg

Поглед на селото Звечан
(фотографирано од селото Брест)

Звечан се наоѓа во Republic of Macedonia
Звечан
Местоположба на Звечан во Македонија
Координати 41°42′03″ СГШ 21°07′23″ ИГД / 
Регион Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 70[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Надм. вис. 800-1.090 м м
Commons-logo.svg Звечан на Ризницата


Звечан — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Новиот пат кон селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 800 до 1.090 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 7,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 390,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 129,1 хектар, а на пасиштата 101,2 хектари.[2]

До селото води новоасфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Звечан било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Звечан имало 190 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Звечан имало 240 жители.[4]

Селото е мало и во 1961 година броело 294 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 120 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Звечан имало 70 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 190 240 301 307 294 286 203 122 120 70
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Спас“, заедно со селските гробишта

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Звечан се наоѓале селата Бенче, Брест, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0254 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 55 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[10]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Звечан

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 9 октомври 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 129. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 9 октомври 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. посет. 16 октомври 2017 г. 
  9. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=51&ps=325#. посет. 16 октомври 2017 г. 
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]