Модриште
Модриште | |
![]() Поглед на селото Модриште | |
Координати 41°38′24″N 21°14′36″E / 41.64000° N; 21.24333° EКоординати: 41°38′24″N 21°14′36″E / 41.64000° N; 21.24333° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 39[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6533 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03033 |
Надм. вис. | 490 м |
![]() |
Модриште — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од десната страна на реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 490 метри.[2]
Атарот зафаќа простор од 13,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.063 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 28 хектари, а на пасиштата само 17 хектари.[2]
Низ селото поминува регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, кој кај селото Калуѓерец се двои и води до поранешното општинско средиште Самоков.
На приодот кон селото од исток тече Модришка Река, помеѓу возвишенијата Варошки Присој и Куклаица, па се влева во Треска веднаш лево од патот.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 15 семејства, 1 неженет и 1 вдовица, сите христијани.[3]
Во XIX век, Модриште било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Модриште имало 165 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Модриште имало 144 жители.[5]
Модриште е мало село и со негативно салдо во населението. Така, селото во 1961 година броело 280 жители, а во 1994 година само 86 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Модриште имало 39 жители, од кои 38 Македонци и 1 Србин.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 165 | 144 | 233 | 263 | 260 | 167 | 87 | 97 | 86 | 39 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Модриште е македонско село
Родови во селото се: Крстевци (6 к.), доселени се од селото Крапа, не се знае од каде е доселен родот во Крапа затоа што криел нивниот предок кој се доселил; Стојковци (5 к.), доселени се од Старо Село, каде припаѓале на родот Дапковци кој таму бил староседелски; Јандревци (4 к.), доселени се од селото Велмевци, Железник; Десовци-Бислимовци (3 к.), доселени се од Манастирец, таму припаѓале на родот Шкорлевци, кој бил доселен од околината на Скадар; Митановци (1 к.), доселени се од селото Велмевци, Железник; Ѓуровци (1 к.), доселени се од Старо Село, каде припаѓале на родот Чикировци, кој таму бил доселен од селото Крапа; Војневци (1 к.), доселени се од Старо Село, таму припаѓале на родот Милошевци.[9]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец и Црешнево.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Модриште, во која покрај селото Модриште се наоѓале селата Белица, Брезница, Вир, Калуѓерец, Могилец, Локвица, Тажево и Црешнево.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборно место бр. 0246 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[10]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 17 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 17 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[13]
- Св. Богородица — црква од средниот век;
- Падиште в населба од доцноантичко време;
- Во Селото — населба и некропола од доцноантичко време; и
- Кале — градиште од доцноантичко време;
- Цркви[14]
- Црква „Свети Атанасиј Велики“ — главна селска и манастирска црква, изградена во 1728 година
- Манастири
- Модришки манастир — средновековен манастир
Поврзано[уреди | уреди извор]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 октомври 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 199. Посетено на 27 октомври 2017.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.210
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Цркви“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 2010-08-22.