Кале (Модриште)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Карта

Местоположба 41°38′24″N 21°14′36″E / 41.64000° СГШ; 21.24333° ИГД / 41.64000; 21.24333Координати: 41°38′24″N 21°14′36″E / 41.64000° СГШ; 21.24333° ИГД / 41.64000; 21.24333
Основни податоци
Место Модриште
Општина Македонски Брод
Тип

Археомак 2.0 графички знак (градиште).svg градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште во поречкото село Модриште. Претставува градиште од доцноантичко време. Се наоѓа на 2 км од селото, на еден висок рид на десниот брег на Голема Река (Треска), кој стрмно се спушта кон речното корито. На зарамнетиот врв, со простор од 100 × 50 м, се гледаат темели од бедем граден од камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и множество друг градежен материјал.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069