Градиште (Здуње)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градиште
археолошко наоѓалиште
Muzejot vo Džepcište 015.jpg

Артефакти од наоѓалиштето изложени во Најмалиот етнолошки музеј на светот во тетовско Џепчиште

Градиште is located in Македонија
Градиште
Местоположба на Градиште во Македонија
Местоположба 41°48′34″N 21°9′38″E / 41.80944° N; 21.16056° E / 41.80944; 21.16056Координати: 41°48′34″N 21°9′38″E / 41.80944° N; 21.16056° E / 41.80944; 21.16056
Основни податоци
Име Градиште
Место Здуње
Општина Македонски Брод
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба

Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиште или Градец (според истоимениот рид) — археолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на полуостров на езерото Козјак, 600 м од североисточниот крај, во место каде порано се составале реките Треска и Оча. Се наоѓа на надморска висина од 545 метри. На северозападните падини на Градец во IV век од нашата ера била подигната крајпатна рудничка крепосттврдина која била регионален центар во северниот дел на Порече. Во преданието за ова доцноантичко гратче се зборува дека живеела некоја месна владетелка, а нејзиниот дворец се наоѓал на самиот врв од ридот. Во неделните утра кога одела на молитва во градската црква која се наоѓала надвор од одбрамбените ѕидини на тврдината во месноста Градиште таа се спуштала со платно и по истата патека се враќала во тврдината. Просторот почнувајќи од самиот врв по широкиот гребен кон запад е обиколен со ѕид во малтерна техника, а главниот влез се наоѓал на северозападното чело фланкиран со одбрамбена кула.

Тврдината има издолжена форма со димензии 195 × 45 м или вкупно зафаќа површина од 0,6 ха. Во горниот дел на тврдината видливи се контури на простории, а во средишниот дел се наоѓаат урнатини од поголема градба. По површината што ја опфаќа одбранбениот ѕид има интензивен културен хоризонт. Се среќаваат многу бројни парчиња од топено железо и од аморфно олово како полупроизвод, железни алатки за разна намена-црепни, парчиња на грнчарија и покривни керамиди. Како површински наоди се констатирани голем број на монети од IV век и VI век и византиски скифати и метални украси. Од железните предмети има украси за појас – ѕвездести аплики, потпирачи за појасен колан од тн. “пропелер“ тип, аплики во облик на пеперутка, окови за ремени со кукести гајки, ѕвонци, прапорци, шила за перфорација на кожа, алатки за обработка на керамика и друго. Од бронзените предмети привлекуваат внимание три средновековни прстени со плочеста глава со изгравирани ѕвездести орнаменти. Тврдината Градец била регионално средиште кое егзистира од доцната антика па сè до средниот век, како рударски и стратегиски центар во овој дел на Порече. Во гратчето се обработувала железна руда, а веројатно и оловна руда која била носена од рудните лежишта што се наоѓаат во планинските пазуви југоисточно од Градец. Чистењето на рудата се извршувало на реката Оча во северното подножје на гратчето. Топењето и примитивната обработка на железото се вршело во печките сместени во месноста “Присој“ во долината на реката Оча, а понатамошната обработка била во работилниците во тврдината. Стратешката функција била да ја брани главната комуникација М.Брод-Здуње-Капина-Кула-Скопје од непријателски упади во областа.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069