Кале (Белица)

Координати: 41°40′33″N 21°18′15″E / 41.67583° СГШ; 21.30417° ИГД / 41.67583; 21.30417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кале

Карта

Местоположба 41°40′33″N 21°18′15″E / 41.67583° СГШ; 21.30417° ИГД / 41.67583; 21.30417
Основни податоци
Место Белица
Општина Македонски Брод
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште во поречкото село Белица. Претставува доцноантичко градиште. Се наоѓа на 4 км северно од селото, на високиот рид Столаватец, на кој има зарамнет простор од 80 × 60 м, каде се гледаат остатоци од одбранбен бедем ѕидан од камен и варов малтер. Зачуван е само во темелите, а по површината на градиштето се среќаваат множество градежен материјал, фрагменти од керамички садови и питоси. Кај месен жител се наоѓаат монети откриени во ова наоѓалиште.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Варница — некропола од доцноантичкото време;
  • Миткороен — утврдена населба од доцноантичкото време;
  • Ридот — населба од хеленистичкото и римското време, старохристијанска црква и некропола;
  • Столоватец — градиште од доцноримско време;
  • Глибовец — кастел од доцноантичкото време;
  • Аништа — некропола од средниот век;
  • Влак — некропола од средниот век;

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069