Куклојца (Здуње)
Куклојца — археолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува населба од доцноантичко време и среден век. Се наоѓа западно од тврдината Градец, на истоимениот рид, каде има лежишта на бигор кој е користен при градба на објекти во селото Здуње. На зарамнетото плато има урнатини на објекти и средновековна населбинска керамика. На овој простор била сместена мала населба која претставувала стражарски пункт за контрола на патните правци. Од овој рид се овозможува извонреден видик на сите страни и возможна визуелна комуникација со тврдината Градец, во случај на непријателски упади благовремено да се преземаат заштитни мерки.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Голема Пеш — населба од палеолитско време;
- Бошевци — црква и некропола од средниот век;
- Градиште — населба од доцноантичко време;
- Подградец — населба од доцноантичко време;
- Св. Недела — црква и некропола од средниот век;
- Оча — некропола од раниот среден век;
- Црквиште — црква од средниот век;
- Цуцул — населба од рисмко време и среден век;
- Потпетрушка — светилиште од ран среден век;
- Засечишта — населба од средниот век;
- Старо Село — населба и некропола од средниот век;
- Здуње;
- Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Здуње (Порече)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Македонски Брод
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Поречко