Старо Село (Здуње)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Старо Село
археолошко наоѓалиште
Старо Село is located in Македонија
Старо Село
Местоположба на Старо Село во Македонија
Местоположба 41°48′34″N 21°9′38″E / 41.80944° N; 21.16056° E / 41.80944; 21.16056Координати: 41°48′34″N 21°9′38″E / 41.80944° N; 21.16056° E / 41.80944; 21.16056
Основни податоци
Место Здуње
Општина Македонски Брод
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Старо Селоархеолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува населба и некропола од средниот век. Се наоѓа на 4 км северно од селото, на десниот брег на реката Треска, каде во нива на месен жител е сместена рано средновековна некропола. При обработка, односно проширување на нивата со копачење сопственикот има откопано неколку гробни конструкции со прилози. По кажување на селаните како наоди се појавуваат еден средновековен бронзен прстен со шестокрака звезда и една троребреста железна алатка. Источно од Старо Село се наоѓа месноста Соколица што преставува еден длабок дол со серпентини, а на северните падини на гребенот во карпите има дупки во кои во минатото гнезда свивале белите орли мршојадци. Високо над карпите од длабокиот дол во дабова шума се наоѓа извор на лековита вода. На овој извор доаѓаат луѓе од разни места, а коко благодарност фрлаат пари и оставаат делови од облеката околу изворот. Раносредновековната некропола во Старо Село и припаѓа на мала сточарска населба која била сместена северно од гробиштата, а веројатно тука била средновековната населба Соколовец.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069