Кале (Слатина)

Координати: 41°35′9″N 21°10′55″E / 41.58583° СГШ; 21.18194° ИГД / 41.58583; 21.18194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кале

Карта

Местоположба 41°35′9″N 21°10′55″E / 41.58583° СГШ; 21.18194° ИГД / 41.58583; 21.18194
Основни податоци
Место Слатина
Општина Македонски Брод
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште во поречкото село Слатина. Претставува градиште од доцноантичко време. Се наоѓа на десната страна на Слатинска Река, на местото каде таа се влева во Голема Река (Треска), каде се издига висок рид со зарамнет врв кој зафаќа простор од 150 × 80 м, на кој има остатоци од јак одбранбен бедем и две кули. По површината на тврдината се забележуваат темели од објекти и множество фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и градежен материјал. Ѕидовите од бедемот на неколку места се зачувани во височина од 1 м. Два питоса, откопани од градиштето, се чуваат во селското училиште.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069