Општина Македонски Брод

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Македонски Брод

Map of Makedonski Brod Municipality.svg

Знаме на Општина Македонски Брод Грб на Општина Македонски Брод
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Македонски Брод
Површина 888,97 км²
Демографија
Население 7.141 жители
- проценка од 31.12.2012 6.440 жители
Густина на население 8,03 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Милосим Војнески
Совет 11 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште ул. „7 септември“ бр. 4, 6530 Македонски Брод
Телефон 045 / 274-810
Факс 045 / 274-146
Портал Службен портал
Карта на Општина Македонски Брод со селските атари.
Демографска карта на Општина Македонски Брод со селските атари.

Општина Македонски Бродопштина во западниот дел на Република Македонија. Центар на општината е истоимениот град Македонски Брод. Македонски Брод е еден од помалите градови во Македонија, кој се наоѓа во Поречката област. Градот лежи на бреговите на горното сливно подрачје на реката Треска.

Географиja[уреди]

Општинатa Македонски Брод граничи со општините: Желино и Брвеница на север, Студеничани и Сопиште на североисток, Чашка и Долнени на југоисток, Крушево и Вранештица на југ, Пласница и Осломеј на југозапад и Гостивар на северозапад.

Територијата на општината се наоѓа под влијаније на умерено-континентална клима, кој се одликува со ладни и врнежливи зими, суви и топли лета. На високите планини е изразена планинска клима со кратки и ладни лета и долги и снежни зими. Најтопол месец со средна просечна месечна температура е јули со 25˚C. Најстуден месец со средна просечна месечна температура е декември со -15 до 3˚C. Екстремни температура се движат од 41˚C во август до -27˚C во јануари.

Историja[уреди]

Според еден надгробен споменик пронајден во селото Крапа, утврдено е дека просторот бил населен со Римјани. Подоцна, со доаѓањето на Словените, во овој крај се доселило словенското племе Берзити, односно Брсјаци.

Во околината на селото Девич, видливи се остатоци од градби што ја потврдуваат претпоставката дека на тој простор, во средниот век, постоела населба која функционирала како центар на целата област. Таму се издигаат Девини Кули кои се изградени во близина на пештерата Пешна, каде пак се наоѓаат остатоци од ѕидините на градот, кој, според преданието, го изградила младата девојка Пешна, сестра на јунакот Крале Марко.

Во градот Македонски Брод и неговата околина биле изградени и голем број цркви, меѓу кои и градската црква Св. Богородица, Св. Димитрија во с. Требино, Св. Никола во с. Пласница, и др.

Економија[уреди]

Буџетот на општината се утврдува со Буџетот на приходите и трошоците на општината. Буџетот на општината содржи биланс на приходи и трошоци на Буџетот, а се однесува за фискалната година од 12 (дванаесет) месеци која почнува од 1. јануари, а завршува на 31. декември од секоја календарска година. Предлогот на Буџетот на општината го утврдува градоначалникот и го доставува до советот на општината за донесување не подоцна од средината на месец ноември. Советот на општината не може да го разгледува Буџетот на општината по истекот на 20 (дена) од доставувањето до советниците на совет на општината.

Во општината Македонски Брод има фабрика за преработување на дрво, 40% од општината е покриена со шума и оваа фабрика денес работи со зголемена продуктивност и ефективност.

Сувенир од Самоков е фабрика за производство на метални продукти. Најголем дел од производите се разни видови муниција и експлозивни материјали, како и поправка на оружје. Оваа фабрика е еден од најголемите производители на оружје во Македонија.

Шумарството во Бродскиот регион е една од најзначајните и доста перспективните стопански гранки. Тоа произлегува од фактот што во регионот 50% и повеќе е под шума и е најбогат регион со шуми во Република Македонија. Македонски Брод може да се пофали со голем број планини и врвови, како што се Бушова планина, Песјак, Солунска Глава, Боро Поле, Добра Вода и др. Надморската височина се движи од 620 до 2.100 м. Тие се испресечени со реки, потоци и долови кои почесто се плитки а поретко се длабоки. Бреговите се благо наклонети, умерено стрмни (во најголем дел), стрмни и многу стрмни (во најмал дел). Наклонот во поголемиот дел се движи околу 11-20 степени. Шумите се претежно проодни и погодни за изградба на патишта, освен стрмните брегови во повисоките делови и во доловите на поголемите реки. За шумарството во општината се грижи Македонски шуми подружница „Јане Сандански“ - Македонски Брод.

Демографија[уреди]

Со територијалната поделба на Република Македонија од 2003, општината Самоков беше припоена кон општина Македонски Брод. Денес општината брои 7.141 жител. Во 2003 општина Македонски Брод имаше 5.517 жители, во 2002 - 5.558 жители. Општина Самоков имаше 1.553 во 2002 и 2.057 во 1994.

Етнички групи во општината (според пописот од 2002):

  • Македонци 6,927
  • Турци 181
  • други 33.

Општествени институции[уреди]

Градоначалник на Општина Македонски Брод[уреди]

Милосим Војнески роден 28.11.1959 во с. Русјаци, општина Македонски Брод. Средно образование завршува во М. Брод, општа гимназија. После дипломата се запишува како редовен студент на правниот факултет во Скопје на кој редовно дипломира во 1984г. Тој претставува успешна личност во полето на бизнисот, неговите успеси се очигледни 17(години) приватен биснисмен. Пет години како директор на Бирото за вработување. Исто така претставува одличен сопруг и татко на едно дете.

Список на советници на општина Македонски Брод[уреди]

Совет на Општина Македонски Брод во периодот од 2013-2017:
  независни (7)
  СДСМ (2)

Администрација[уреди]

А. Сектор за правни финансиски и општи работи

А.1. Одделение за правни и општи работи

А.2. Одделение за финансирање и буџет

Б. Сектор за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и заштита на животната средина

Б.1. Одделение за урбанизам и заштита на животната средина

Б.2. Одделение за комунални дејности и локален економски развој

Администрација и политика[уреди]

Општинските органи на Македонски Брод се сместени во зградата на Градското Собрание во М.Брод. Во оваа зграда работат : Општинскиот совет, Грдоначалникот, Општинска администрација како и претставници на подрачните единици на министерствата.

Прописи[уреди]

Прописите на општина Македонски Брод се донесуваат согласно со законот на Република Македонија за локална самоуправа. За некои прописи согласност дава советот на општина и Градоначалникот на општината.

Културни и природни знаменитости[уреди]

Покрај другите огромни природни богатства во општина Македонски Брод има и голем број на подземни пештери. Поради ова во текот на секоја година се одржуваат разни спелеолошки манифестации во селата каде што се најубавите пештери, тоа се најатрактивните пештери во Македонија и пошироко. Тие се наоѓаат во селата Слатина и Белица.

Од федерацијата за спелеологија побарано е од локалната самоуправа во општината да се одобри градење на главен спелеолошки центар на Балканот во селата со најатрактивни пештери во Македонија.

Редовни настани[уреди]

Личности[уреди]

Култура и спорт[уреди]

Македонски Брод претставува град со спортски дух, спортска култура и спортска традиција. Уште од поодамна во Македонски Брод се игра фудбал, а во поскоро време се развиваат и други спортови. Тоа се карате и мал фудбал. Секоја година во периодот на месец Август се одржува традиционален турнир во мал фудбал. Постојат неколку спортови кои оствариле високи резултати. Сите спортски настани се случуваат на градскиот стадион или во спортската сала на СУ “Св. Наум Охридски“

Фудбалски клубови[уреди]

ФК Пролетер, ФК Сувенир

Ловот и риболовот се карактеристични спортови за општина Македонски Брод. На поголем дел од општината тие претставуваат и традиционални спортови кои се пренесуваат од колено на колено, осебено ловот. Во општината има ловно друштво "Песјак" кое активно работи на заштита на корисниот и реткиот дивеч на територијата на Македонски Брод. Ловното друштво преку зимата хумано се грижи за беспомошните животни. Исто така има и спортско риболовно друштво "Треска" кое активно се крижи за водниот свет низ реката Треска и вештачкото езеро "Козјак". Двете друштва издаваат дозволи за ловење и риболов во определени периоди согласно со законот. Ловењето без дозвола се казнува.

Домот на култура е единствена културна институција во Македонски Брод и регионот. Домот со работа започна во 1981 г. Располага со корисна површина од 750 м2 со концертна сала од 310 седишта. Во составот на Домот работат: КУД “Седми Септември” со фолклорна секција, оркестар и пеачка група, драмско студио, ликовен клуб, библиотека, кино дејност.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]